Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Папата го посети затворот во Барселона: „Ова е можност што се случува еднаш во животот“

10 јуни 2026

„Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт“, вели Лефков

10 јуни 2026

ВИДЕО: Важни препораки за правилно третирање на тутунот

10 јуни 2026

Белфаст потона во насилство по нападот со нож

10 јуни 2026

Мајка го претепала 3-годишното дете, го оставила на улица и заминала

10 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Адвокат Стеваноски: ВМРО-ДПМНЕ врши јавен линч врз Спиркоски и притисок врз истрагата за Царина

Press OnlineBy Press Online10 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Адвокатот Жарко Стеваноски, како бранител на осомничениот Александар Спиркоски во истрагата на ОЈО за ГОКК во која е опфатен и поранешниот директор на Царината Стефан Богоев, упати јавна реакција до прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците Миле Левков и Бране Петрушевски. Стеваноски реагира на нивните секојдневни прес-конференции, оценајќи ги како недозволив јавен линч, груб притисок врз органите на прогонот и обид за собирање дневно-политички поени преку пласирање тешки клевети.



​Одбраната потенцира дека пратениците Петрушевски и Левков изнесуваат лажни информации и наводни докази од доверлив карактер со кои не располага ниту обвинителството, поради што ги повикува надлежните органи да истражат од каде пратениците имаат пристап до такви податоци. Стеваноски јавно ги демантираше тврдењата на Левков, нагласувајќи дека Александар Спиркоски никогаш не бил претседател на ОО на СДСМ Прилеп, ниту пак некогаш бил осудуван за физички напад или за кривично дело изборен поткуп. Поради ваквите изнесени невистини, адвокатот најави тужби согласно Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.

​„Искрено очекував дека оваа истрага на ОЈО за ГОКК ќе го опфати и актуелниот директор на Царина, кој со истата фирма за одржување на хигиена има склучено договор за јавна набавка во далеку поголем износ од оној за кој пратениците обвинуваат дека бил криминален, или пак дека ќе се бара одговорност за 5-те тони марихуана што незабележано поминаа низ границите. Поради овој неоснован политички прогон, во следниот период ќе поднесеме кривични пријави против службени лица во Управата за финансиска полиција за злоупотреба на положбата која доведе до неосновано лишување од слобода. Ваквиот политички наратив и притисок врз правосудството директно ја враќа државата во времето кога во европските извештаи бевме нотирани како ‘Заробена држава’“, порачува адвокатот Жарко Стеваноски.



Поврзани содржини

„Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт“, вели Лефков

10 јуни 2026

ВИДЕО: Важни препораки за правилно третирање на тутунот

10 јуни 2026

Мајка го претепала 3-годишното дете, го оставила на улица и заминала

10 јуни 2026
НАЈНОВО

Папата го посети затворот во Барселона: „Ова е можност што се случува еднаш во животот“

10 јуни 2026

„Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт“, вели Лефков

10 јуни 2026

ВИДЕО: Важни препораки за правилно третирање на тутунот

10 јуни 2026

Белфаст потона во насилство по нападот со нож

10 јуни 2026

Мајка го претепала 3-годишното дете, го оставила на улица и заминала

10 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.