Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Германија започнува проект за борбен авион по пропаѓањето на европскиот 

10 јуни 2026

Синдикатот на Контрола на летање ќе тужи во Стразбур поради забраната да штрајкуваат

10 јуни 2026

Скопската вода безбедна за пиење

10 јуни 2026

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони

10 јуни 2026

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

10 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Сиљановска-Давкова од Софија повика на дебалканизација преку европеизација

Press OnlineBy Press Online10 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, на кој, како што соопштија од нејзиниот кабинет, укажала на потребата од оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз кои пред три децении беше воспоставен овој процес.



Од Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија / Фото: Кабинет на претседателот на РС Македонија

Потсетувајќи на проблемите со коишто се соочува Југоисточна Европа, таа оценила дека масовното иселување на младите, стареењето на населението, економското заостанување и влошените геополитички околности бараат храбро и одговорно лидерство, водено од заедничките интереси и солидарноста, а не само од парцијалните.

Таа се осврнала и на процесот на проширување на Европската Унија, кој, како што истакнала, мора да се темели на Копенхашките критериуми, а напредокот во спроведувањето на реформите да го диктира темпото на пристапниот процес.

„Повикувајќи се на зборовите на бугарскиот автор Георги Господинов дека ‘кога вратите на иднината се затвораат, минатото станува единствената татковина’, таа предупреди на потребата од дебалканизација преку европеизација“,

се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.

Сиљановска-Давкова, велат оттаму, во обраќањето во тој контекст навела дека за неа европската интеграција е природна, како и геополитичка и безбедносна неопходност, а стабилен, просперитетен и европски Балкан е во интерес на сите држави во регионот, но и на Европа.

Претседателката на државата на состанокот кој е затворен за медиумите повикала на регионална одговорност како гарант за чекорење кон предвидлива и сигурна заедничка иднина, истакнувајќи дека успехот на секоја држава треба да се доживува како успех на целиот регион, а натпреварот да се води во знаење, иновации, култура и економски развој, наместо во блокади и поделби.

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, на Самитот на ПСЈИЕ / Фото: Кабинет на претседателот на РС Македонија

Како што е најавено, на маргините на состанокот претседателката Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерални средби со претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова, и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу.

Денешниот Самит во Софија го отвори бугарската претседателка Јотова, која зборуваше за важноста на ПСЈИЕ за соработката и добрососедските односи на 13. земји кои се дел од иницијативата, која денеска одбележува 30 години. Според неа, ПСЈИЕ има иднина, а тоа зависи од земјите коишто се дел од иницијативата. ПСЈИЕ, додала таа, мора да продолжи со изградба на регионален безбедносен систем и енергетска, транспортна и дигитална поврзаност.

Јотова во говорот потсетила дека Бугарија го ставила Западен Балкан во фокусот на своето прво претседателство со Советот на Европската Унија.

„Ставот на Бугарија отсекогаш бил дека земјите од Западен Балкан треба да бидат дел од европското семејство, но со исполнети критериуми, постигнати резултати, одговорност и почитување на вредностите на ЕУ, од кои главна е заштитата на човековите права. Европската Унија не е само заеднички пазар, туку и споделени вредности“,рекла Јотова.

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на Самитот на ПСЈИЕ беше пречекана од нејзината бугарска колешка Илијана Јотова / Фото: Кабинет на претседателот на РС Македонија

Самитот ќе заврши со прес-конференција на високи претставници на претходиот претседавач Албанија, сегашниот – Бугарија, односно претседателката Јотова и идниот претседавач Романија.

Претпладнево министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски учествуваше и се обрати на министерскиот состанок во рамките на ПСЈИЕ.

Пред почетокот на состанокот, Муцунски во изјава за медиумите, од кои најголем дел од земјата домаќин на Самитот, рече дека неговиот став е оти Бугарија и Македонија не треба да се врзуваат за прашања поврзани со идентитет, историја и јазик, туку да гледаат кон иднината.

„Бидејќи ние имаме иднина којашто треба да нè обедини. И од таа гледна точка, кога зборуваме за решението од 2022 година, ние треба да функционираме во еден систем којшто значи меѓусебна доверба. Нашето гледање е дека имаме различно толкување на она што се очекува од нашата земја во однос на одлуката од 2022 година. Но, она што е важно, за да можеме да продолжиме напред, е да работиме во следниот период на градење меѓусебна доверба“,изјави Муцунски.

ПСЈИЕ претставува највисок политички форум за регионална соработка во Југоисточна Европа и важна платформа за промовирање на добрососедските односи, политичкиот дијалог и европската интеграција на регионот. Иницијативата почна во 1996 година токму во Софија. Со текот на годините бројот на земји учеснички се прошири на 13 и сега дел од ПСЈИЕ се Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Молдавија, Романија, Северна Македонија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора.



Поврзани содржини

Синдикатот на Контрола на летање ќе тужи во Стразбур поради забраната да штрајкуваат

10 јуни 2026

Скопската вода безбедна за пиење

10 јуни 2026

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

10 јуни 2026
НАЈНОВО

Германија започнува проект за борбен авион по пропаѓањето на европскиот 

10 јуни 2026

Синдикатот на Контрола на летање ќе тужи во Стразбур поради забраната да штрајкуваат

10 јуни 2026

Скопската вода безбедна за пиење

10 јуни 2026

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони

10 јуни 2026

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

10 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.