Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска со почеток во 11:30 часот ќе се одржи прес-конференција посветена на тестирањето за рано откривање на рак на грлото на матката, информираат од Фондот.
Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе бидат презентирани состојбите и трендовите во спроведувањето на скрининг-програмите, опфатот на осигурениците со ПАП и ХПВ тестирање, како и користењето на овие превентивни услуги.
Ќе бидат изложени и информации за измените во цените на услугите, нивното значење за здравствениот систем и очекуваните придобивки за осигурениците и здравствените установи.

