Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Јазикот не е пречка кога нема политика – општина во Грција објави соопштение и на македонски

27 јуни 2026

Вучиќ: Ова се моите последни денови како претседател

27 јуни 2026

Американскиот државен секретар им порача на Европејците да престанат да се жалат: „Повеќе луѓе умираат од студ“

27 јуни 2026

Го „удри струја“ додека работеше на викендичка во село кај Дојран

27 јуни 2026

Скопјанка тешко повредена, паднала во градски автобус

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

МНР: Ги отфрламе шпекулациите изнесени во јавноста – беше вонредна состојба поради воени дејствија и директна закана по безбедноста на македонските граѓани затекнати во кризното подрачје

Press OnlineBy Press Online11 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ДЕМАНТ И РЕАКЦИЈА НА НАВОДИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ЦЕНТАРОТ ЗА ГРАЃАНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија категорично ги отфрла инсинуациите и шпекулациите изнесени во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, во кое без никакви докази се пласираат тврдења за наводно незаконско постапување при организацијата на евакуацијата на македонските државјани од регионот на Блискиот Исток.

Особено загрижува фактот што во анализата целосно се игнорира контекстот во кој беше спроведена постапката. Станува збор за вонредна состојба предизвикана од воени дејствија и директна закана по безбедноста на македонските граѓани затекнати во кризното подрачје. Постапката беше спроведена, во согласност со законските прописи, врз основа на заклучоци на Владата и со единствена цел – навремена и безбедна евакуација на нашите државјани.

Спротивно на тврдењата објавени во анализата, Министерството најпрво достави покани до девет различни економски оператори, што претставува повеќе од доволен број за обезбедување конкуренција во услови на итност. Ниту една од поканетите компании не достави понуда. Дури по неуспешното завршување на првата постапка и по добиените информации од Амбасадата во Абу Даби дека авиокомпанијата FlyDubai може да обезбеди летови, беше отпочната постапка со единствениот субјект кој во тие околности можеше со сигурност да ја реализира услугата.

Апсолутно неточно е тврдењето дека Министерството произволно избрало економски оператор. Изборот беше направен врз основа на информации добиени од дипломатско-конзуларната мрежа и по претходно исцрпување на сите други реални можности за организација на летовите.

Дополнително, целосно се игнорира фактот дека FlyDubai е национална нискобуџетна авиокомпанија на Обединетите Арапски Емирати, односно државата од која требаше итно да бидат евакуирани македонските државјани. Во услови на воен конфликт, затворен воздушен простор и воведени безбедносни ограничувања, голем дел од меѓународните авиокомпании ги прекинаа или значително ги ограничија летовите кон регионот. Во тие околности, летови продолжија да реализираат пред сè националните авиокомпании на Обединетите Арапски Емирати, како Emirates, Etihad и FlyDubai, како и FlyNas, која е национална нискобуџетна авиокомпанија на Кралството Саудиска Арабија. Токму затоа, овие оператори беа меѓу ретките реални и достапни опции за безбедна и навремена евакуација на нашите граѓани.

Неосновани се и обвинувањата поврзани со плаќањето на услугите. Условот средствата да бидат исплатени пред реализацијата на летовите не беше утврден од Министерството, ниту од избраниот оператор, туку претставуваше објективен услов наметнат од локалните превозници и специфичните пазарни услови во регионот на Блискиот Исток во услови на воена криза. Во ситуации кога се спасуваат човечки животи, државата е должна да постапува брзо и ефикасно, а не да дозволи административни процедури да ја доведат во прашање безбедноста на сопствените граѓани.

Во обид да создаде сензационализам, анализата ги игнорира и фактите дека во истиот период повеќе европски и соседни држави организираа евакуации со државни или чартер-летови на товар на државниот буџет, водејќи се од истиот принцип – заштита на сопствените граѓани во услови на непосредна опасност, а во голем дел од државите трошоците за реализација на евакуацијата беа покривани од самите патници.

Особено неодговорно е што без докази се пласираат сомнежи за корупција или местење на постапката. Таквите конструкции не се поткрепени со ниту еден факт, документ или доказ. Наместо објективна анализа на околностите во кои беше спроведена евакуацијата, јавноста е изложена на шпекулации кои создаваат погрешна слика за една од најсложените, најитните и најуспешно реализираните операции што државата ги спроведе за заштита на своите граѓани.

Министерството останува целосно отворено за проверка на сите аспекти од постапката. Истовремено, сметаме дека во ситуации кога станува збор за човечки животи и безбедност на граѓаните, јавната дебата мора да се темели на факти, а не на претпоставки и инсинуации.

Факт е дека македонските граѓани беа безбедно евакуирани од кризното подрачје. Факт е дека постапката беше спроведена во исклучително сложени и непредвидливи околности. И факт е дека Министерството постапуваше исклучиво и целосно во согласност со законите и во интерес на безбедноста на своите граѓани.





Поврзани содржини

Вучиќ: Ова се моите последни денови како претседател

27 јуни 2026

Го „удри струја“ додека работеше на викендичка во село кај Дојран

27 јуни 2026

Скопјанка тешко повредена, паднала во градски автобус

27 јуни 2026
НАЈНОВО

Јазикот не е пречка кога нема политика – општина во Грција објави соопштение и на македонски

27 јуни 2026

Вучиќ: Ова се моите последни денови како претседател

27 јуни 2026

Американскиот државен секретар им порача на Европејците да престанат да се жалат: „Повеќе луѓе умираат од студ“

27 јуни 2026

Го „удри струја“ додека работеше на викендичка во село кај Дојран

27 јуни 2026

Скопјанка тешко повредена, паднала во градски автобус

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.