Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Гостиварец плати 1.200 евра за да добие возачка дозвола без полагање – остана без пари

27 јуни 2026

(Видео) Топлинскиот бран предизвика хаос: Французите се тепаат за вентилатори

27 јуни 2026

Силен земјотрес го погоди Авганистан

27 јуни 2026

Пилот загина – 13 лица повредени откако мал авион удри во облакодер во Пекинг

27 јуни 2026

Суспендиран ЕЕС системот на „Евзони“ за да поминат Србите

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Криел десет DELL лаптопи во изнајмено возило – го фатиле цариниците на Богородица

Press OnlineBy Press Online11 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од Царина информираат дека македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица.



-Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката DELL.

Во предистражната постапка спроведена од страна на Одделението за истраги е утврдено дека осомничениот, откако во Солун од карго-компанија подигнал десет преносни DELL компјутери, со намера да ги криумчари, на паркинг простор во Грција ги скрил на различни места во возилото со кое патувал.

Против лицето, поднесена е кривична пријава до ОЈО Гевгелија поради основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.

Царинската управа продолжува со активностите насочени кон заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување услови за фер економија, велат од Царина.

Поврзани содржини

Гостиварец плати 1.200 евра за да добие возачка дозвола без полагање – остана без пари

27 јуни 2026

Силен земјотрес го погоди Авганистан

27 јуни 2026

Пилот загина – 13 лица повредени откако мал авион удри во облакодер во Пекинг

27 јуни 2026
НАЈНОВО

Гостиварец плати 1.200 евра за да добие возачка дозвола без полагање – остана без пари

27 јуни 2026

(Видео) Топлинскиот бран предизвика хаос: Французите се тепаат за вентилатори

27 јуни 2026

Силен земјотрес го погоди Авганистан

27 јуни 2026

Пилот загина – 13 лица повредени откако мал авион удри во облакодер во Пекинг

27 јуни 2026

Суспендиран ЕЕС системот на „Евзони“ за да поминат Србите

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.