Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Го „удри струја“ додека работеше на викендичка во село кај Дојран

27 јуни 2026

Скопјанка тешко повредена, паднала во градски автобус

27 јуни 2026

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во Авганистан

27 јуни 2026

Близу 6.000 лица во Хрватска побарале лекување од зависности во 2025 година

27 јуни 2026

Гостиварец плати 1.200 евра за да добие возачка дозвола без полагање – остана без пари

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

 ЦГК до МНР: Прашањата се однесуваат на начинот на кој е спроведена постапката и на почитувањето на правилата за трошење на јавните средства дури и во услови на итност

Press OnlineBy Press Online11 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Реакција на одговорот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија



 

Го цениме фактот што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија јавно се осврна на наодите од истражувањето „Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај“. Сепак, сметаме дека реакцијата не дава одговор на повеќе суштински прашања поставени во истражувањето.

Најнапред, во истражувањето во ниту еден момент не се оспорува потребата од евакуација на македонските државјани од кризното подрачје, ниту пак се доведува во прашање обврската на државата да преземе итни мерки за нивна заштита. Напротив, истражувањето јасно го признава постоењето на вонредни околности и законската можност за користење постапка со преговарање без претходно објавување оглас.

Прашањата што ги отвора истражувањето се однесуваат на начинот на кој е спроведена постапката и на почитувањето на правилата за трошење на јавните средства дури и во услови на итност.

Министерството не понуди одговори како е направен изборот на првите девет фирми од кои е барана понуда, како и за изборот на единствениот понудувач во втората постапка за јавна набавка.

Во однос на авансното плаќање, Министерството наведува дека тоа било условено од пазарните околности и барањата на превозниците. Но, авансното плаќање не било предвидено во тендерската документација и не е во согласност со Законот за јавни набавки.

Според член 116 став 2 од Законот за јавните набавки, договорот за јавна набавка се склучува во согласност со условите утврдени во тендерската документација и во понудата. Ова значи дека плаќањето по извршување на услугата морало да биде наведено и во договорот. Ова секако не би ја ограничило фирмата да ги плати летовите од свои средства и потоа овие трошоци да ги покрие по наплатата на фактурата. Но, поставувањето едни услови во тендерската документација и потоа нивно менување во договорот не е во согласност со ЗЈН.

Воедно, со направената измена се ставени во нерамноправна положба и сите оние фирми до кои била доставена покана во поништената постапка. Во согласност со член 7 од ЗЈН, договорниот орган обезбедува еднаков третман на економските оператори во сите фази од постапката за јавна набавка и во однос на сите елементи од понудата, земајќи го предвид заемното признавање и сразмерност на барањата во врска со предметот на набавка. Договорниот орган мора да обезбеди еднаков третман на сите понудувачи во преговорите и информациите не смее да ги обезбеди на дискриминаторски начин, поради што некои учесници би имале предност во однос на другите. Со оглед на тоа дека тендерската документација има клучна улога во постапката за јавна набавка, таа мора да ги содржи сите информации неопходни за конкретниот предмет на набавка, со цел економскиот оператор да може квалитетно и навремено да ја изготви и да ја поднесе својата понуда.

Законот за јавни набавки не предвидува дека, во услови на постапка со преговарање без објавување оглас, во согласност со точка г) од член 55 став 1, доколку директно се загрозени безбедноста, животот и здравјето на луѓето, може да се даде 100 % аванс, и тоа без каква било банкарска гаранција.

Напротив, Законот за јавни набавки ја ограничува висината на авансното плаќање.  Според член 103 став 2 од ЗЈН за договорните органи од класичниот јавен сектор, на кој му припаѓа Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, авансот не може да биде поголем од 20 % од вредноста на договорот. Воедно, според член 103 став 3, договорниот орган пред исплата на авансот задолжително обезбедува банкарска гаранција од носителот на набавката во висина на договорениот аванс. Склучениот договор на Министерството не ја предвидува банкарската гаранција.

Јавниот интерес налага сите јавни набавки, без оглед на нивната итност и чувствителност, да бидат предмет на отчетност и контрола, особено кога станува збор за трошење значителни буџетски средства.

 



Поврзани содржини

Го „удри струја“ додека работеше на викендичка во село кај Дојран

27 јуни 2026

Скопјанка тешко повредена, паднала во градски автобус

27 јуни 2026

Гостиварец плати 1.200 евра за да добие возачка дозвола без полагање – остана без пари

27 јуни 2026
НАЈНОВО

Го „удри струја“ додека работеше на викендичка во село кај Дојран

27 јуни 2026

Скопјанка тешко повредена, паднала во градски автобус

27 јуни 2026

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во Авганистан

27 јуни 2026

Близу 6.000 лица во Хрватска побарале лекување од зависности во 2025 година

27 јуни 2026

Гостиварец плати 1.200 евра за да добие возачка дозвола без полагање – остана без пари

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.