Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Украина отвора пристапни преговори со ЕУ

15 јуни 2026

Трамп тврди дека почнал бродскиот сообраќај низ Ормуз, сателитските снимки покажуваат друго

15 јуни 2026

МНРиНТ го осуди опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

15 јуни 2026

Проблемите што испливаа со изградбата на базенот во Чаир

15 јуни 2026

Какви отстапки направи Киев кон Будимпешта за унгарското малцинство во Украина

15 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“, ама велат дека чекаат на Општина Кочани да ја спроведе постапката

Press OnlineBy Press Online13 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за култура тврди дека чека на Општина Кочани да ја спроведе постапката за подигање на спомен-обележје за 63 жртви од „Пулс“, за да обезбеди дел од средствата за изградба. Ова доаѓа откако Кире Димитриев, татко на загинатиот Диме во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во „Претрес со Ландов“ посочи дека средствата за споменикот биле пренаменети, информација која им ја кажале на состанок во Министерството.



„Со почит се однесуваме кон секое поставено прашање и кон секоја потреба оваа трагедија достоинствено да биде обележана“, наведуваат од Министерството.

Оттаму појаснуваат дека на неодамнешна средба во кабинетот на министерот, на која присуствувале претставници на Општина Кочани и дел од семејствата на настраданите, била објаснета законската процедура за подигање спомен-обележје. Според Министерството, согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, надлежноста за започнување и водење на постапката е кај општината.

„Министерството не ја иницира постапката, не распишува конкурс, не избира идејно решение и не носи одлука за изгледот и поставувањето на обележјето“, велат од институцијата.

Според нив, Советот на општината треба да донесе програма за одбележување на настанот, одлука за подигање на спомен-обележјето и да формира Одбор кој ќе ја води понатамошната постапка. Токму тој Одбор има обврска да распише јавен и анонимен конкурс за избор на идејно решение, да ги разгледа понудените проекти и да го избере решението што ќе биде реализирано.

Од Министерството додаваат дека дури по завршување на оваа процедура и доставување на целокупната документација, можат да бидат обезбедени и префрлени финансиските средства.

„Средствата кои претходно биле предвидени во буџетот на Министерството не биле реализирани затоа што законската постапка не била завршена и не била доставена потребната документација. Тоа не значи откажување од поддршката, туку незавршена постапка од страна на надлежниот орган“, се наведува во одговорот.

Министерството посочува дека претставниците на семејствата на средбата изразиле благодарност за приемот и за појаснувањето на чекорите што треба да следат, со договор по завршување на законската процедура повторно да се воспостави комуникација за обезбедување на потребните средства.

Со обезбедените 2 милиони денари, кои делумно би ги покриле трошоците за споменикот, се фалеше и Миле Лефков.

Во емисијата „Претрес со Ландов“, Кире Димитриев говореше за болката по загубата на синот Диме, кој загина во пожарот во „Пулс“ на 16 март минатата година, како и за борбата за вистина и правда што семејствата ја водат повеќе од една година. Тој посочи дека државата не може да ја носи нивната болка, но дека мора да го исполни она што било ветено кон семејствата на жртвите.

 



Поврзани содржини

Украина отвора пристапни преговори со ЕУ

15 јуни 2026

МНРиНТ го осуди опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

15 јуни 2026

Проблемите што испливаа со изградбата на базенот во Чаир

15 јуни 2026
НАЈНОВО

Украина отвора пристапни преговори со ЕУ

15 јуни 2026

Трамп тврди дека почнал бродскиот сообраќај низ Ормуз, сателитските снимки покажуваат друго

15 јуни 2026

МНРиНТ го осуди опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

15 јуни 2026

Проблемите што испливаа со изградбата на базенот во Чаир

15 јуни 2026

Какви отстапки направи Киев кон Будимпешта за унгарското малцинство во Украина

15 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.