Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Шведска пресретна два руски борбени авиони

13 јуни 2026

Окружна судијка од Бостон и нареди на американската Влада да ги врати отстранетите плочи за ропството

13 јуни 2026

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес

13 јуни 2026

Скопјанец тврди дека бил киднапиран и претепан, завршил со тешки повреди: МВР истражува сериозен инцидент

13 јуни 2026

Техеран вели дека договорот со САД нема да биде потпишан утре

13 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

САД и Иран електронски ќе ја потпишат рамката на мировниот договор во следните 24 часа, вели пакистанскиот премиер

Press OnlineBy Press Online13 јуни 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По три месеци војна САД и Иран се согласија за рамката на мировен договор, а се очекува двете страни да го потпишат првичниот договор во следните 24 часа, изјави денеска пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

Премиерот на оваа земја посредник во договорот за завршувањето на војната изјави дека Пакистан се подготвува за електронско потпишување, по што од следната недела ќе следат разговори на техничко ниво.

САД и Иран вчера сигнализираа дека се блиску до постигнување договор за завршување на војната, а висок функционер на американската администрација изјави дека страните се согласиле за текстот на меморандумот и дека Вашингтон очекува да потпише првичен договор во наредните денови.

„Поблиску сме до мировен договор од кога било досега. Финализирањето веројатно се очекува во следните 24 часа, а Пакистан се подготвува за електронско потпишување на мировниот договор веднаш потоа, по што ќе следат разговори на техничко ниво следната недела“, напиша Шариф на Икс.

„Убедени сме дека овој историски мировен договор ќе создаде силна основа за траен мир“, напиша тој.

Војната започна со заеднички напади на САД и Израел врз Иран на 28 февруари. Потоа Иран нападна американски воени цели во Заливот, а милитантите на Хезболах во Либан започнаа напади врз Израел, обновувајќи го конфликтот меѓу Израел и групата поврзана со Иран.

Во оваа војна се убиени илјадници луѓе, главно во Иран и Либан, а глобалните цени на енергијата скокнаа.

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, вчера изјави дека иако промените во договорот се сè уште можни, прелиминарниот документ покажа дека неговата земја излезе од конфликтот посилна.

„Иран е победник во војната со САД“, рече тој синоќа на државната телевизија.

Предложениот меморандум за разбирање повикува на повторно отворање на Ормуската Теснина и укинување на американската поморска блокада на иранските пристаништа, соопштија извори од сите страни на разговорите.

Преговорите за иранската нуклеарна програма, која американскиот претседател Доналд Трамп ја наведе како причина за почетокот на војната, ќе се одржат подоцна.

Американски функционер, зборувајќи под услов да остане анонимен, вчера им изјави на новинарите дека договорот ги исполнува клучните цели на Трамп и дека тој постигнал значителен напредок во преговорите.

Иранската нуклеарна програма ќе биде решена во текот на 60-дневни преговори. Американскиот функционер рече дека договорот на крајот ќе доведе до демонтирање на нуклеарната програма на Иран и уништување и отстранување на неговите залихи од високо збогатен ураниум.

Но, Арагчи рече дека Иран, за кој извори велат дека не прифатил демонтирање на својата нуклеарна програма, сака да го задржи ураниумот во збогатена форма.

Поврзани содржини

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес

13 јуни 2026

Техеран вели дека договорот со САД нема да биде потпишан утре

13 јуни 2026

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли

13 јуни 2026
НАЈНОВО

Шведска пресретна два руски борбени авиони

13 јуни 2026

Окружна судијка од Бостон и нареди на американската Влада да ги врати отстранетите плочи за ропството

13 јуни 2026

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес

13 јуни 2026

Скопјанец тврди дека бил киднапиран и претепан, завршил со тешки повреди: МВР истражува сериозен инцидент

13 јуни 2026

Техеран вели дека договорот со САД нема да биде потпишан утре

13 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.