Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ: 2 години Тошковски- Во Скопје убиени млада жена и дете покрај десет пријави. Во Велес убиени жена и нејзиниот татко…

27 јуни 2026

Детали за иранската одмазда, беспилотни летала нападнаa во Бахреин

27 јуни 2026

Алиу: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

27 јуни 2026

Србија на +38: Вучиќ поставува шатори и носи знаме од 500 метри, студентите на улици

27 јуни 2026

Возило на адвокатот Алиспахиќ запалено среде ноќ, МВР трага по сторителот

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Трајановски: Заробена држава, корупција, ниски плати – резултат на владеењето на ВМРО

Press OnlineBy Press Online13 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во гостување во емисијата „Трилинг“ рече дека партијата има јасна визија за иднината на државата, заснована на владеење на правото, борба против корупцијата и подобар животен стандард на граѓаните.



Тој нагласи дека државата се соочува со сериозни проблеми и економски застој, при што граѓаните секојдневно чувствуваат доцнење на субвенции, социјални трансфери и поврат на ДДВ, што укажува на слабости во управувањето со јавните финансии.

„Како што поминува времето гледате дека буквално на секое поле се касни – се касни со субвенции, се касни со социјална помош, се касни со поврат на ДДВ. Ние сме земја со најмала минимална плата, земја со најмала просечна плата, и место подобри услови, денес работникот се бори со Владата. Буквално се бори со Владата“, додаде Трајановски, посочувајќи дека постои обид преку пропаганда да се прикаже подобра економска слика од реалната.

Осврнувајќи се на програмата на СДСМ „Твоја држава, твоја шанса“, Трајановски нагласи дека клучните столбови се владеење на правото, европски интеграции, економски развој, социјална правда и бескомпромисна борба против корупцијата.

Трајановски најави дека ветингот и реформите во правосудството ќе бидат меѓу првите приоритети на СДСМ.

 

„Ветингот што го зборуваме мислам дека е повеќе потребен од кога било. Ние сме решени тие неколку работи да бидат примарна цел по преземањето на власта. Тоа е борбата против корупцијата. Патот сме го одбрале и нема враќање назад. Борбата против корупцијата и средувањето на правосудниот систем е круцијална работа“, рече Трајановски, потенцирајќи дека реформите во правосудството и вклучувањето на европски институции во тој процес се неопходни за воспоставување на функционален и независен систем, по пример на повеќе европски држави.

 

Осврнувајќи се на младите и иселувањето, тој истакна дека на државата ѝ недостига функционален систем, а не систем базиран на врски и лични контакти.

„Ниските плати, недостигот од перспектива и чувството на неправда се клучни причини за иселувањето на младите. Системот не функционира и нема да функционира ако некој ме знае мене лично или знае некој функционер за да заврши работа. Тоа не е систем. Тоа е систем на врски“, рече Трајановски.

 



Поврзани содржини

СДСМ: 2 години Тошковски- Во Скопје убиени млада жена и дете покрај десет пријави. Во Велес убиени жена и нејзиниот татко…

27 јуни 2026

Алиу: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

27 јуни 2026

Возило на адвокатот Алиспахиќ запалено среде ноќ, МВР трага по сторителот

27 јуни 2026
НАЈНОВО

СДСМ: 2 години Тошковски- Во Скопје убиени млада жена и дете покрај десет пријави. Во Велес убиени жена и нејзиниот татко…

27 јуни 2026

Детали за иранската одмазда, беспилотни летала нападнаa во Бахреин

27 јуни 2026

Алиу: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

27 јуни 2026

Србија на +38: Вучиќ поставува шатори и носи знаме од 500 метри, студентите на улици

27 јуни 2026

Возило на адвокатот Алиспахиќ запалено среде ноќ, МВР трага по сторителот

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.