Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Влен: Автопатот Скопје – Блаце требаше да биде готов кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“, но имаа други приоритети

14 јуни 2026

Нови правила на патарините: Од утре лентите за M-Tag исклучиво за електронска наплата

14 јуни 2026

Татко на дете што откорна канделабра во Карпош повикан во полиција

14 јуни 2026

Ограбил обложувалница, па се обидел да избега од државата

14 јуни 2026

Еди Рама ја нападна „Фламинго револуцијата“ како фaшистичка, а демонострантите ги нарече идиоти

14 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

„Летал“ на автопат со 244 километри на час! Една од највисоките брзини измерени на македонските патишта

Press OnlineBy Press Online14 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Со дури 244 километри на час се движел 21-годишен возач од Батинци на автопатот Скопје-Гевгелија, каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час, објави МВР.

Поради екстремното пречекорување на брзината, полицијата го лишила од слобода, а возилото му било одземено по наредба на обвинител.

Според МВР, случајот бил откриен на 13 јуни околу 20 часот кај селото Милетково, во близина на Гевгелија.

„Полициски службеници констатирале дека И.Р.(21) од село Батинци управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 244 километри на час на место каде што ограничувањето е 120 километри на час“, соопшти МВР.

Против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Брзината од 244 километри на час е една од највисоките регистрирани на македонските патишта во последниот период. Со таква брзина, возилото се движи со речиси 68 метри во секунда, што значително го намалува времето за реакција и го зголемува ризикот од тешки сообраќајни последици.

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои четворица малолетници, а двајца биле и под дејство на алкохол.

Извор: fokus.mk



Поврзани содржини

Влен: Автопатот Скопје – Блаце требаше да биде готов кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“, но имаа други приоритети

14 јуни 2026

Нови правила на патарините: Од утре лентите за M-Tag исклучиво за електронска наплата

14 јуни 2026

Татко на дете што откорна канделабра во Карпош повикан во полиција

14 јуни 2026
НАЈНОВО

Влен: Автопатот Скопје – Блаце требаше да биде готов кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“, но имаа други приоритети

14 јуни 2026

Нови правила на патарините: Од утре лентите за M-Tag исклучиво за електронска наплата

14 јуни 2026

Татко на дете што откорна канделабра во Карпош повикан во полиција

14 јуни 2026

Ограбил обложувалница, па се обидел да избега од државата

14 јуни 2026

Еди Рама ја нападна „Фламинго револуцијата“ како фaшистичка, а демонострантите ги нарече идиоти

14 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.