
Не се знае кој пат по ред последнава година се губи конекцијата со Управата за јавни приходи за скенирање на сметките во рамките на „Мој ДДВ“
„Нема конекција до УЈП!“ – ова е пораката што се појавува веќе трет ден на апликацијата.
Како и во минатите случаи, од УЈП велат дека проблемот е од техничка природа. И толку. Нема детали кога ќе биде надминат проблемот и за што, всушност, се работи.
Минатата година се доцнеше и со исплата на средствата од повратот на ДДВ.
Во јавноста постојано се јавуваат шпекулации дека владата можеби ќе го укиние овој проект, еден од најуспешните од претходната гарнитура, за да ги намали издвојувањата од буџет. Министерката за финансии и директорката на УЈП секогаш го демантираа тоа, но нагласуваа дека не ги дава очекуваните резултати. Граѓаните можат да добијат до 2.100 денари за три месеци како поврат на ДДВ за скенираните фискални сметки.
Извор: nezavisen.mk

