Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трамп тврди дека почнал бродскиот сообраќај низ Ормуз, сателитските снимки покажуваат друго

15 јуни 2026

МНРиНТ го осуди опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

15 јуни 2026

Проблемите што испливаа со изградбата на базенот во Чаир

15 јуни 2026

Какви отстапки направи Киев кон Будимпешта за унгарското малцинство во Украина

15 јуни 2026

Полицијата трага по млад скопјанец кој потпали две возила на Бугарската амбасада во Скопје

15 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Србија уапси лажен лекар од Македонија, доведувал луѓе во заблуда и им земал пари

Press OnlineBy Press Online15 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонски државјанин е уапсен во Врање под сомнение дека се претставувал како лекар и измамил повеќе граѓани, земајќи им пари под изговор дека се потребни за лекување на нивни блиски.



Според српската полиција, припадници на Министерството за внатрешни работи во Врање, во соработка со Регионалниот центар на македонската гранична полиција, го привеле С.К. (56), државјанин на Македонија.

Тој е осомничен дека во периодот од 4 до 13 јуни годинава телефонски контактирал тројца жители од околината на Врање, претставувајќи се како лекар од Македонија. Во разговорите тврдел дека нивни блиски роднини биле тешко повредени и дека се потребни пари за нивно лекување.

Според истрагата, осомничениот потоа лично ги посетувал оштетените на нивните адреси и од нив земал поголеми суми пари, доведувајќи ги во заблуда.

По наредба на Основното јавно обвинителство во Врање, на осомничениот му е одредена мерка задржување до 48 часа поради сомнение за продолжено кривично дело измама. Тој ќе биде спроведен во надлежното обвинителство со кривична пријава.

Од полицијата апелираат до граѓаните кои примиле слични телефонски повици или биле жртви на ваков вид измама да се јават во Полициската управа во Врање на броевите 017/401-585 или 192



Поврзани содржини

МНРиНТ го осуди опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

15 јуни 2026

Проблемите што испливаа со изградбата на базенот во Чаир

15 јуни 2026

Полицијата трага по млад скопјанец кој потпали две возила на Бугарската амбасада во Скопје

15 јуни 2026
НАЈНОВО

Трамп тврди дека почнал бродскиот сообраќај низ Ормуз, сателитските снимки покажуваат друго

15 јуни 2026

МНРиНТ го осуди опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

15 јуни 2026

Проблемите што испливаа со изградбата на базенот во Чаир

15 јуни 2026

Какви отстапки направи Киев кон Будимпешта за унгарското малцинство во Украина

15 јуни 2026

Полицијата трага по млад скопјанец кој потпали две возила на Бугарската амбасада во Скопје

15 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.