Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Огнот го голта големиот трговски центар во Нов Белград. „Сѐ изгубивме“, велат сопствениците на дуќаните

15 јуни 2026

Србија уапси лажен лекар од Македонија, доведувал луѓе во заблуда и им земал пари

15 јуни 2026

Печерската лавра во Киев е едно најсветите места во православието. Ја погоди рускa ракетa

15 јуни 2026

По граѓанскиот брак и веста дека ќе стане татко, Костадин Костадинов и сопругата се венчаа во црква во Берово

15 јуни 2026

Македонија меѓу земјите со најдолга работна недела

15 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Трамп го прекори Нетанјаху: Нападите во Либан не требаше да се случат

Press OnlineBy Press Online15 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикувал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по израелските напади врз позиции на Хезболах во Бејрут, само неколку часа пред очекуваното потпишување на договорот за прекин на непријателствата меѓу САД и Иран.



Според извор запознаен со ситуацијата, Трамп и Нетанјаху телефонски разговарале по нападите, а американскиот претседател претходно јавно изразил незадоволство од израелските потези.

„Израел повеќе не би смеел да изведува напади никаде во Либан, но исто така ниту другите страни, вклучително и Хезболах, не би смееле да го напаѓаат Израел“, изјавил Трамп.

На својата социјална мрежа Truth Social, тој порача дека нападите не требало да се случат токму во момент кога двете страни се толку блиску до мировен договор со Иран.

„Ова може да биде почеток на долг и убав мир – да не го уништиме“, напиша Трамп.

Во разговор за израелскиот Канал 12, американскиот претседател употребил и многу поостар тон кон Нетанјаху.

„Биби нема никаква дискреција“, рекол Трамп, додавајќи дека директно му пренел на израелскиот премиер дека нападот бил непотребен.

„Хезболах пукаше и ништо не погоди. Никој не беше повреден. И тогаш тој мораше да тргне во напад, и тоа во Бејрут. Тоа многу ме налути“, изјавил Трамп.

Од друга страна, израелските власти соопштија дека нападите биле одговор на претходен оган од Хезболах кон израелска територија. Во заедничко соопштение, премиерот Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац порачаа дека Израел нема да толерира напади врз својата територија.

Израелската армија наведе дека цел на нападите бил команден центар на Хезболах во јужниот дел на Бејрут, кој, според нив, бил користен за планирање напади врз израелски граѓани и војници.

Во меѓувреме, висок ирански функционер и советник на врховниот лидер предупреди дека Техеран нема да прави никакви отстапки кога станува збор за одбраната на Либан и порача дека секој што ќе ги премине иранските „црвени линии“ ќе се соочи со последици за кои ќе зажали.



Поврзани содржини

Србија уапси лажен лекар од Македонија, доведувал луѓе во заблуда и им земал пари

15 јуни 2026

По граѓанскиот брак и веста дека ќе стане татко, Костадин Костадинов и сопругата се венчаа во црква во Берово

15 јуни 2026

Македонија меѓу земјите со најдолга работна недела

15 јуни 2026
НАЈНОВО

Огнот го голта големиот трговски центар во Нов Белград. „Сѐ изгубивме“, велат сопствениците на дуќаните

15 јуни 2026

Србија уапси лажен лекар од Македонија, доведувал луѓе во заблуда и им земал пари

15 јуни 2026

Печерската лавра во Киев е едно најсветите места во православието. Ја погоди рускa ракетa

15 јуни 2026

По граѓанскиот брак и веста дека ќе стане татко, Костадин Костадинов и сопругата се венчаа во црква во Берово

15 јуни 2026

Македонија меѓу земјите со најдолга работна недела

15 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.