Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

„Цел Либан мора да гори“: Израелска мина во американско-иранското примирје

19 јуни 2026

Левица: ШУМСКАТА МАФИЈА ГО ОПУСТОШИ ЛОПУШНИК- ТРАЈАНОВ И МИХАИЛОВ ДА СЕ РАЗРЕШАТ ОД МАКЕДОНСКИ ШУМИ

19 јуни 2026

Дали 75.000 гласачи вчера одлучија за иднината на 70 милиони Британци?

19 јуни 2026

СДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата“

19 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, оваа Влада докажа дека знае како да работи

19 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

„Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците“, велат од СДСМ

Press OnlineBy Press Online15 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

СДСМ преку соопштение ја обвини Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека ги изневерила ветувањата дадени на земјоделците и дека по две години владеење земјоделскиот сектор се соочува со сериозни проблеми.



Од партијата велат дека додека бил во опозиција, премиерот Христијан Мицкоски ветувал поголема финансиска поддршка, сигурен откуп и подобри услови за земјоделците, но дека денес реалноста е сосема поинаква.

„После две години власт земјоделството е на колена. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра и постојано доцнат, откупот на земјоделски производи е намален за 46 проценти, а трошоците за производство се зголемени. Буквално нема сегмент во земјоделието каде што нема сериозен проблем“, наведуваат од СДСМ.

Како најдобар пример за, како што велат, лошата состојба во секторот, од партијата ја посочуваат кризата во сточарството и откупот на млекото.

„Откупната цена на млекото е драстично намалена за над 30 проценти и е понижувачка за сточарите. Денес литар млеко се откупува за едвај дваесетина денари, цена која не ги покрива ниту основните производствени трошоци“, соопштија од СДСМ.

Оттаму тврдат дека две млекарници во делчевскиот регион веќе најавиле прекин на откупот, што, според нив, ќе остави многу сточари без пласман и егзистенција, а кризата дополнително ќе се продлабочи.

„Дополнително, доцнат субвенциите за добиток и премиите за млеко. Во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Тоа значи дека некој профитира на грбот на македонските сточари“, наведуваат од опозициската партија.

СДСМ оценува дека земјоделците дополнително се погодени и од растот на цените на горивата, а ја обвини Владата дека не презела мерки за намалување на производствените трошоци.

„Мицкоски треба да им каже на земјоделците зошто нема мерки за млекото, оризот, доматот и пиперката и зошто доцнат субвенциите. Затоа што, како што рековме, нема пари во буџетот за земјоделците поради криминални тендери“, стои во реакцијата на СДСМ.



Поврзани содржини

Левица: ШУМСКАТА МАФИЈА ГО ОПУСТОШИ ЛОПУШНИК- ТРАЈАНОВ И МИХАИЛОВ ДА СЕ РАЗРЕШАТ ОД МАКЕДОНСКИ ШУМИ

19 јуни 2026

СДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата“

19 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, оваа Влада докажа дека знае како да работи

19 јуни 2026
НАЈНОВО

„Цел Либан мора да гори“: Израелска мина во американско-иранското примирје

19 јуни 2026

Левица: ШУМСКАТА МАФИЈА ГО ОПУСТОШИ ЛОПУШНИК- ТРАЈАНОВ И МИХАИЛОВ ДА СЕ РАЗРЕШАТ ОД МАКЕДОНСКИ ШУМИ

19 јуни 2026

Дали 75.000 гласачи вчера одлучија за иднината на 70 милиони Британци?

19 јуни 2026

СДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата“

19 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, оваа Влада докажа дека знае како да работи

19 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.