Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трамп го испраќа Венс во Швајцарија на официјално потпишување на договорот со Иран

15 јуни 2026

Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила, МВР го обезбеди сторителот

15 јуни 2026

Видео: Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

15 јуни 2026

УФЦ на тревникот на Белата куќа. Трамп со членови на семејството седеше покрај кафезот

15 јуни 2026

Јотова : Ова не е обично кривично дело, туку неприфатлив напад врз дипломатско претставништво

15 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Опозицијата бара да се повлече законот за правична застапеност, власта возвраќа – „продавате евтина демагогија“

Press OnlineBy Press Online15 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Опозицијата жестоко го нападна предложеното законско решение за правична и соодветна застапеност на пленарната седница во Парламентот на која почна дебатата за него. Побара од власта да отстапи од него и даго повлече затоа што, според нив, тој ќе наметне нова форма на дискриминација. Нема механизми за ефикасно спроведување на уставното начело за соодветна и правична застапеност во јавната администрација. Пратеникот Халил Снопче од Алијанса на Албанците го повика владејачкото мнозинство да не се коцкаат со ова прашање нудејќи вакво законско решение.



Одговорот од власта беше дека опозициските пратеници прават фолклор и продаваат демагогија пред јавноста, да не прават комедија од пленарната дебата за ова, како што го опиша Аднан Азизи од ВРЕДИ , многу важно прашање и на тој начин да го дискредитираат предложеното законско решение.

Ваквиот судир меѓу власта и опозицијата во албанскиот политички блок покажува дека секакви сценарија за епилог се во игра. Не се исклучува ниту блокада од опозицијата предвцодена од ДУИ преку предлагање на огромен број амандмани, но и протести и „жив штит“ на салата кога на ред ќе дојде финалното гласање за него. Од Мала Речица има најави дека ќе го блокираат носењето на законот за правична застапеност со сите демократски механизми откако Комитетот за меѓуетнички односи одлучи тој да биде донесен со т.н. „мал Бадентер“ (мнозинство од присутните пратеници од немнозинските заедници) и дека Предлог-законот не содржи етнички квоти при вработување на административците и нема санкции за институциите што нема да го почитуваат законот.

Со поделени мислења и целосно дијаметрални ставови помина и денешната јавна расправа за овој закон во Комисијата за политички систем. И, академската заедница која беше повикана да даде стручен поглед на темата, се подели – едните кои дојдоа како идејни креатори на предложеното законско решение, пред пратениците го бранеа текстот кој треба да се гласа на пленарна седница. А, другите со критика за сериозни недостатоци во изработениот предлог.

Универзитетските професори Јетон Шасивари, Александар Спасеновски и експертот за демократија и добро владеење Иван Стефановски во своите настапи побараа од народните избраници да му дадат шанса на законското решение што е пред нив.

„Зошто е потребен закон? Балансерот беше честопати критикуван како неевропска алатка која беше прекумерно злоупотребувана од претходната власт. И, токму затоа не може и натаму да биде поддржуван во правна држава. Ова законско решение што се предлага, нуди отчетност наместо клиентелистички пристап што беше главно обележје на балансерот“, го објаснуваше предложеното решение еден од членовите на работната група, професорот Јетон Шасивари. Според него, јавната админситрација ќе биде стручна, компетентна и професионална, а законот нема да дозволи своевидно „играње“ со етничката припадност , како што често пати се случуваше порано.

Во сличен тон беше дебата и од експертот Стефановски кој посочи дека соодветната и правичната застапеност не се обично кадровско прашање, туку темелна вредност на Уставот. Потребна е поддршка на законот, бидејќи тој оди во добра насока. „Овој предлог е многу подобро решение од досегашната ригидна математичка застапеност во јавната администрација. Сега сите заедници имаат можност за еднаков пристап во неа, врз основа на знаење и компетентност“, вели Стефановски.

За професорот Спасеновски пак, нема дилема дека со давањето шанса на законот се дава шанса на мерит системот во администрацијата. „Ако до 2001 година на сцена имаше еден вид дискриминација при пополнувањето на административните места, а по Рамковниот договор од 2001 до 2014 беше период на постепена имплементација на уставните измени, од 2014 досега, со воведувањето на балансерот настапи време на правична застапеност со силни елементи на партизација. Која со овој закон треба да се надмине и да се остави простор за стручните и компетентните. Повеќе од пет решенија поминаа низ рацете на експертите и резултатот е законот, зад кој стојам со сиот кредибилитет“, тврди Спасеновски.

Наспроти ова, професорот по административно право Артим Салиу и магистерот по кривично право Агрон Демири и го оценија законот како решение со многу недостатоци кое може да предизвика сериозни проблеми при решавањето на едно од најсензитивните прашања во меѓуетничките односи – тоа за правична и соодветна застапеност. „Новиот закон има потреба од силна институционална рамка и санкции за негово неспроведување, што сега недостасуваат. Треба да се зајакне улогата на народниот правобранител кога некој ќе се почувствува дискриминиран, а не тие прашања да се решаваат со формирање на координативно тело“, тврди Салиу.

„Секое законско решение треба да ја унапреди, а не да ја уназади правичната и соодвената застапеност. Наместо да воспостави енакви права и можности, постои опасност од нов бран на партиски вработувања“, тврди Демири кој очекува корекции за отстранување на сериозните недостатоци на предлогот.

Законот треба да ја уреди застапеноста на заедниците во институциите, но според нов пристап — врз основа на реални податоци од последниот попис и конкретните потреби за вработување во јавниот сектор.

Предлогот доаѓа по одлуката на Уставниот суд со која беше укинат „балансерот“, механизам кој со години се користеше при вработувањата во администрацијата за да се обезбеди етничка застапеност. Новото законско решение треба да понуди замена за тој систем, но уште пред расправата предизвика силни политички реакции.



Поврзани содржини

Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила, МВР го обезбеди сторителот

15 јуни 2026

Видео: Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

15 јуни 2026

Јотова : Ова не е обично кривично дело, туку неприфатлив напад врз дипломатско претставништво

15 јуни 2026
НАЈНОВО

Трамп го испраќа Венс во Швајцарија на официјално потпишување на договорот со Иран

15 јуни 2026

Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила, МВР го обезбеди сторителот

15 јуни 2026

Видео: Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

15 јуни 2026

УФЦ на тревникот на Белата куќа. Трамп со членови на семејството седеше покрај кафезот

15 јуни 2026

Јотова : Ова не е обично кривично дело, туку неприфатлив напад врз дипломатско претставништво

15 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.