Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува

16 јуни 2026

Македонската амбасадорка во Софија повикана на разговор по запалените возила во Скопје

16 јуни 2026

Украински дронови извршија масовен напад на рафинерија за нафта во Москва

16 јуни 2026

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет

16 јуни 2026

ЦУК: Повторно се активира пожарот во близина на КПУ Велес – Превалец

16 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Владата усвои измени на Законот за трансплантација, граѓаните ќе можат да ја евидентираат и менуваат одлуката за дарување органи

Press OnlineBy Press Online16 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



– Владата денеска на предлог на Министерството за здравство, го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување, со кој се предвидуваат нови механизми за евидентирање на волјата на граѓаните за органодарителство и се проширува опфатот на можни дарители во системот, соопштуваат од Министерството за здравство.

Со предложените измени, секој полнолетен граѓанин, при посета на својот матичен лекар, ќе даде изјава дали се согласува или не по неговата смрт да биде дарител на органи и ткива заради лекување, а таа изјава ќе се евидентира во листата во националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин. Законот предвидува и можност граѓанинот во секое време да ја промени својата одлука.

– Со овие измени, првпат државата ќе има попрецизна слика за подготвеноста на граѓаните, како и за нивото на информираност и доверба кон органодарителството – велат од Министерството за здравство.

Истовремено, со предложените измени се проширува и кругот на живи дарители, така што покрај досегашните сродници ќе бидат опфатени и други сродници во странична линија до четврти степен, односно и првите братучеди, при што се задржува заштитниот механизам преку етичката комисија, која ќе ја проверува доброволноста на чинот и отсуството на принуда.

Дополнително, се предвидуваат и други решенија за олеснување на постапките, вклучително и поедноставување на административно-техничките чекори во делот на утврдување и потврдување на мозочната смрт.

– Со ова законско решение правиме важен чекор кон систем во кој волјата на граѓанинот ќе биде јасно изразена, поцврсто заштитена и подоследно почитувана.  Чинот на органодарителство ќе произлегува од слободна и информирана одлука. Во исто време, со проширувањето на кругот на живи дарители создаваме нови можности за лекување, секогаш во строги медицински, етички и законски рамки – вели министерот за здравство, Азир Алиу.



Поврзани содржини

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува

16 јуни 2026

Македонската амбасадорка во Софија повикана на разговор по запалените возила во Скопје

16 јуни 2026

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет

16 јуни 2026
НАЈНОВО

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува

16 јуни 2026

Македонската амбасадорка во Софија повикана на разговор по запалените возила во Скопје

16 јуни 2026

Украински дронови извршија масовен напад на рафинерија за нафта во Москва

16 јуни 2026

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет

16 јуни 2026

ЦУК: Повторно се активира пожарот во близина на КПУ Велес – Превалец

16 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.