Русија тврди дека не го нападнала историскиот манастир Печерска Лавра во Киев во ноќен напад врз воени фабрики во украинскиот главен град и дека ракета за воздушна одбрана „Патриот“ произведена во САД го оштетила религиозниот објект.
„Вооружените сили на Руската Федерација не планираат ниту извршуваат напади врз цивилна инфраструктура“, се вели во соопштението на руското министерство за одбрана, цитирано од Ројтерс.
„Една можна причина за дефектот на овој систем може да биде тоа што западните земји го снабдувале режимот во Киев со ракети чиј рок е истечен“, се додава во соопштението.

