Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Осум лица загинаа при тест-лет на американски стратешки бомбардер „Б-52“ во Калифорнија

16 јуни 2026

Јаневска: Насилството не почнува во училиштето, туку најчесто во семејството

16 јуни 2026

На автопатот Охрид – Кичево автомобил удри во работник од Кина

16 јуни 2026

Грција поставува модуларни контролни пунктови на Евзони за да се скрати времето на чекање

16 јуни 2026

Велика Британија обвини капетан на танкер од руската „флота од сенка“ за кршење на санкциите

16 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Врховниот суд пред сериозни предизвици: Недостигаат судии, пари и кадар, а вработените го тужат и бараат околу 70.000 евра

Press OnlineBy Press Online16 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Конечниот ревизорски извештај за работењето на Врховниот суд за 2024 година открива низа предизвици со кои се соочува највисоката судска инстанца во државата – од недостиг на судии и административен кадар до финансиски ограничувања и активни судски спорови со вработени.



Според Државниот завод за ревизија, во тек се 28 судски постапки во кои Врховниот суд се јавува како тужена страна по основ на права и надоместоци од работен однос. Вкупната вредност на побарувањата изнесува 4,28 милиони денари, односно околу 70 илјади евра, а конечниот исход од овие предмети сè уште не е познат.

Ревизорите предупредуваат и на сериозен недостиг на судии. Од предвидените 28 судиски места, на крајот на 2024 година биле пополнети само 11, додека во мај 2025 година бројот се зголемил на 14, вклучувајќи го и претседателот на Судот.

Дополнителен проблем е што Врховниот суд од септември 2023 година функционира без судски администратор, што, според извештајот, негативно влијае врз организацијата и управувањето со судската служба.

Недостигот од кадар е евидентен и кај судската полиција. Од осум предвидени работни места, пополнети се само пет. Ревизијата утврдила дека поради тоа биле исплатени 781 час прекувремена работа над законски дозволениот максимум од 190 часа годишно по вработен.

Сериозни забелешки има и во делот на финансирањето на судската власт. За 2024 година, за судството биле издвоени 2,64 милијарди денари, што претставува само 0,3 проценти од БДП, значително под законски предвидениот минимум од 0,8 проценти.

Ревизорите оценуваат дека ваквата состојба може да влијае врз ефикасноста, независноста и стабилноста на судската власт, како и врз спроведувањето на неопходните реформи во правосудниот систем.

Иако финансиските извештаи на Врховниот суд се оценети како објективни и точни, во извештајот се потенцира потребата од итно зајакнување на кадровските капацитети и обезбедување стабилно и законски усогласено финансирање на судството.



Поврзани содржини

Јаневска: Насилството не почнува во училиштето, туку најчесто во семејството

16 јуни 2026

На автопатот Охрид – Кичево автомобил удри во работник од Кина

16 јуни 2026

Човекот што ги запали возилата пред Бугарската амбасада има тетоважа од Путин — му бил херој и идол

16 јуни 2026
НАЈНОВО

Осум лица загинаа при тест-лет на американски стратешки бомбардер „Б-52“ во Калифорнија

16 јуни 2026

Јаневска: Насилството не почнува во училиштето, туку најчесто во семејството

16 јуни 2026

На автопатот Охрид – Кичево автомобил удри во работник од Кина

16 јуни 2026

Грција поставува модуларни контролни пунктови на Евзони за да се скрати времето на чекање

16 јуни 2026

Велика Британија обвини капетан на танкер од руската „флота од сенка“ за кршење на санкциите

16 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.