Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, оваа Влада докажа дека знае како да работи

19 јуни 2026

ЕУ едногласно ја потврди поддршката за Украина и ги продолжи санкциите против Русија

19 јуни 2026

Концерти на дводневната манифестација „Ритамот на чаршијата“

19 јуни 2026

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија

19 јуни 2026

Идентитетот како алиби за блокада

19 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Бугарските европратеници со писмо до Европскиот парламент го осудија палењето на дипломатските возила во Скопје

Press OnlineBy Press Online17 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бугарските европратеници денеска испратија заедничко писмо до своите колеги во Европскиот парламент во кое го осудија палењето на двете дипломатски возила на Амбасадата на Бугарија во Скопје. Опишувајќи го инцидентот како подмолен и намерен чин на агресија мотивран од омраза, во писмото тие оценуваат дека не се работи само за кривично дело, туку неприфатлив напад врз дипломатска мисија заштитена според меѓународното право.



Тие додаваат дека со инцидентот се доведува во прашање способноста на властите во Северна Македонија да ја гарантираат безбедноста на странските дипломатски мисии во согласност со нивните меѓународни обврски.

 

„Ваквите акти не произлегуваат од ништо – тие се предвидлив резултат на постојано поттикнување, толеранција на омраза и неуспех да се обезбеди одговорност за дискриминацијата против Бугарите во земјата. Овој напад е најновата манифестација на длабоко вознемирувачки модел на непријателство, поттикнат од тековната антибугарска реторика и систематската нормализација на говорот на омраза против Бугарите и Бугарија во медиумите и јавниот дискурс, вклучително и од страна на владини претставници во Северна Македонија“,

 

наведуваат бугарските европратеници во писмото до ЕП, оценувајќи дека недостатокот на соодветен одговор од институциите во слични случаи создало чувство на неказнивост за сторителите.

Оттаму споменуваат неколку случаи со напади на лица во земјава кои се идентификувале како Бугари, а го споменуваат и палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола чиј сторител, како што додаваат, не претрпе соодветна казна, туку беше јавно пославен и вклучен во изборната кампања на актуелната власт.

 

„Во исто време, сторителите на пукањето во Бугарскиот културен клуб во Охрид не се идентификувани и изведени пред лицето на правдата. Во март 2023 година беше обиен Бугарскиот културен центар, кој е дел од Амбасадата на Бугарија, а во јануари 2026 година беше нападната главната зграда на бугарската амбасада во Скопјe – беа фрлани камења, при што беше оштетен влезот во дипломатската мисија“додаваат бугарските европратеници во писмото до ЕП.

Тие ги повикаа властите во земјава да презмат мерки за да ги изведат сторителите на сите случаи пред лицето на правдата, оценувајќи дека брзината и решителноста на одговорот ќе бидат јасен тест за посветеноста на Северна Македонија на принципите на владеење на правото, добрососедските односи и европските вредности. Држава која се стреми кон членство во Европската Унија, додаваат бугарските европратеници во писмото до ЕП, мора безусловно да ја гарантира безбедноста на дипломатските мисии, да се спротивстави на говорот на омраза и да демонстрира почит кон своите соседи не само со зборови, туку и со дела.

Осврнувајќи се на инцидентот од понеделникот, бугарските европратеници ја поздравија брзата реакција на властите во земјава, но истовремено ги повикаа Собранието, претседателката на државата и премиерот недвосмислено да го осудат овој, како што го нарекоа, чин на омраза, кој претставува тешко кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи.



Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, оваа Влада докажа дека знае како да работи

19 јуни 2026

Концерти на дводневната манифестација „Ритамот на чаршијата“

19 јуни 2026

Идентитетот како алиби за блокада

19 јуни 2026
НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, оваа Влада докажа дека знае како да работи

19 јуни 2026

ЕУ едногласно ја потврди поддршката за Украина и ги продолжи санкциите против Русија

19 јуни 2026

Концерти на дводневната манифестација „Ритамот на чаршијата“

19 јуни 2026

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија

19 јуни 2026

Идентитетот како алиби за блокада

19 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.