Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Акција на ОЈО ГОКК и УФП на повеќе локации во Скопје поради сомненија за финансиски криминал во ФФМ

18 јуни 2026

Тошковски: Се подготвуваат законски измени за тротинетите со заострување на казните и регулативата

18 јуни 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран. Во Израел завладеа очај, Техеран слави

18 јуни 2026

Затворски казни за родителите на малолетникот што изврши масакр пред три години во ОУ „Рибникар“ во Белград

18 јуни 2026

Г7 ја засилува битката за минерали, Македонија останува набљудувач и покрај бакарот во Иловица

18 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

„Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?“, прашуваат од СДСМ

Press OnlineBy Press Online18 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

СДСМ преку соопштение јавно праша колку средства биле потрошени за прославата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и побара одговор од власта за трошоците поврзани со организацијата на настанот.



Од опозициската партија прашуваат дали прославата ги чинела граѓаните 300.000 евра, 500.000 евра или уште повеќе, посочувајќи ги трошоците за автобуски превоз, ангажирање на вработени од јавната администрација и други организациски активности.


„Колку ги чинеше тоа граѓаните? Како да го донеле Дејвид Гета?“, прашуваат од СДСМ.

Од партијата оценуваат дека додека граѓаните се соочуваат со раст на цените, зголемена сиромаштија и економски предизвици, власта организира прослави наместо да се фокусира на решавање на проблемите.

Според СДСМ, нема доволно средства за повисоки плати, субвенции за земјоделците, зголемување на минималната плата, поддршка за младите, лекови и други мерки од јавен интерес, додека, како што наведуваат, се трошат средства за партиски активности и тендери.

„Колку платија граѓаните за Мицкоски да ги слави неуспесите и извештајот на Европскиот парламент за изолацијата на Македонија?“, прашуваат од СДСМ.

Од партијата бараат транспарентност и јавно објавување на сите трошоци поврзани со организацијата на прославата во Струмица.



Поврзани содржини

Акција на ОЈО ГОКК и УФП на повеќе локации во Скопје поради сомненија за финансиски криминал во ФФМ

18 јуни 2026

Тошковски: Се подготвуваат законски измени за тротинетите со заострување на казните и регулативата

18 јуни 2026

Г7 ја засилува битката за минерали, Македонија останува набљудувач и покрај бакарот во Иловица

18 јуни 2026
НАЈНОВО

Акција на ОЈО ГОКК и УФП на повеќе локации во Скопје поради сомненија за финансиски криминал во ФФМ

18 јуни 2026

Тошковски: Се подготвуваат законски измени за тротинетите со заострување на казните и регулативата

18 јуни 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран. Во Израел завладеа очај, Техеран слави

18 јуни 2026

Затворски казни за родителите на малолетникот што изврши масакр пред три години во ОУ „Рибникар“ во Белград

18 јуни 2026

Г7 ја засилува битката за минерали, Македонија останува набљудувач и покрај бакарот во Иловица

18 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.