Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Уапсен е скопјанец – се обиде да влезе кај две млади жени во станови во Аеродром

18 јуни 2026

Возењето мотор со четири тркала на Шар Планина, за три девојки заврши со болница

18 јуни 2026

Мицкоски: Блиску сме до одлука државата преку АД ЕСМ да го гради Чебрен и Галиште, а првите сериозни контури да се појават до 2037 година

18 јуни 2026

По една година во притвор, доктор Нино Васев ќе се брани од слобода

18 јуни 2026

Македонска државјанка се удави на Халкидики

18 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

По една година во притвор, доктор Нино Васев ќе се брани од слобода

Press OnlineBy Press Online18 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По една година помината во притвор, поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, ќе се брани од слобода, дознава „Скопје1“.



Васев во наредниот период ќе го напушти затворот во Шутка, откако судот прифатил гаранција обезбедена со хипотека на имот.

Тој е обвинет во првиот предмет што се однесува на економското работење на Клиниката за онкологија, заедно со поранешниот економски директор Артан Нухи.

Според обвинението, двајцата се товарат за продолжени кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување, измама во службата и проневера во службата, кои, според обвинителството, ги сториле во периодот од 2018 до 2022 година.

Обвинителството тврди дека во постапките за јавни набавки на биолошка активна терапија, молекуларна таргет терапија и моноклонални антитела набавувале лекови на реверс без валиден правен основ. Потоа, преку јавни набавки, ги покривале веќе преземените обврски, при што добавувачите ги фактурирале претходно испорачаните лекови.Според обвинението, на тој начин бил доведен во заблуда Фондот за здравствено осигурување, кој одобрувал условен буџет за Клиниката, а средствата потоа биле користени за исплата на лековите набавени на ваков начин.

Дополнително, обвинителството ги товари Васев и Нухи и за измама во службата и проневера, со образложение дека дел од набавените лекови биле фиктивно раздолжувани, односно биле евидентирани како аплицирани кај пациенти, иако не биле употребени кај нив.

Според обвинителниот акт, на овој начин е утврдена разлика меѓу требуваната и раздолжената количина лекови во вредност од околу два милиони денари.

Судската постапка за случајот „Онкологија“ е во тек.



Поврзани содржини

Уапсен е скопјанец – се обиде да влезе кај две млади жени во станови во Аеродром

18 јуни 2026

Возењето мотор со четири тркала на Шар Планина, за три девојки заврши со болница

18 јуни 2026

Мицкоски: Блиску сме до одлука државата преку АД ЕСМ да го гради Чебрен и Галиште, а првите сериозни контури да се појават до 2037 година

18 јуни 2026
НАЈНОВО

Уапсен е скопјанец – се обиде да влезе кај две млади жени во станови во Аеродром

18 јуни 2026

Возењето мотор со четири тркала на Шар Планина, за три девојки заврши со болница

18 јуни 2026

Мицкоски: Блиску сме до одлука државата преку АД ЕСМ да го гради Чебрен и Галиште, а првите сериозни контури да се појават до 2037 година

18 јуни 2026

По една година во притвор, доктор Нино Васев ќе се брани од слобода

18 јуни 2026

Македонска државјанка се удави на Халкидики

18 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.