Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Шпанскиот премиер Санчез изрази целосна солидарност со Мелони по изјавите на Трамп

20 јуни 2026

Пожар избувна кај ПМФ и парк-шумата Гази Баба

19 јуни 2026

Се судрија возови кај Лондон, има повредени (видео)

19 јуни 2026

Видео: Дебрешани бараат вода, протестот пред Општина Гостивар заврши со инцидент

19 јуни 2026

Албанската влада го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop” со Македонија

19 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

ИЈЗ: Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите

Press OnlineBy Press Online19 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Институтот за јавно здравје попладнево соопшти дека во земјава е регистриран прв случај на Зика вирусна инфекција во земјава. Ризикот за населението во моментов се оценува како низок



-На ден 17.06.2026 година, од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ доби информација за конфирматорен позитивен наод на зика вирусна инфекција – соопшти Институтот за јавно здравје.

Како што наведуваат оттаму, пациентот е контактиран од страна на надлежен епидемиолог при што се предложени соодветни превентивни мерки.

ИЈЗ информира дека според добиените епидемиолошките податоци заболеното лице во периодот од 20-28.05.2026 година престојувало на Малдиви. За време на престојот, пациентот дава податок за каснување од комарец. Веднаш по враќањето се јавил на преглед на КИБФС каде било поставено сомневање за денга.

-Првите знаци на болеста се јавиле на 24.05.2026 година со треска, болки по телото-мускулите и зглобовите, лесно покачена температура, за подоцна по четири дена да се појави и ситен, густ осип. Пациентот бил прегледан во КИБФС, а направени се и лабораториски испитувања за денга, зика и чикунгуња во Одделението за вирусологија при ИЈЗ. Согласно резултатите од микробиолошкото испитување, добиен е позитивен серолошки и молекуларен наод за зика – стои во соопштението на ИЈЗ.

Се посочува дека пациентот не бил хоспитализиран, пратен е на домашно лекување и во моментот е во добра општа состојба.

– Иако станува збор за импортиран случај, поради интензивниот меѓунаредон транспорт и се поголемите трендови за патувања во тропски туристички дестинации како Малдивите, Тајланд, Индонезија, Бразил, Карипскиот регион и други подрачја каде што има документирана циркулација на вирусот Зика, реално постои можност за појава на нови импортирани случаи. Дополнителен фактор на ризик претставува широката распространетост на комарецот Aedes albopictus (азиски тигрест комарец) во повеќе европски земји, кој е потенцијален вектор за пренос на вирусот Зика – нагласуваат од ИЈЗ.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) континуирано регистрира патнички асоцирани случаи на Зика кај лица кои се инфицирале за време на престој во ендемски подрачја. ECDC ги следи токму овие „travel-associated“ случаи, а WHO укажува дека присуството на Aedes albopictus во делови од Европа создава потенцијал за локален пренос доколку вирусот биде внесен од инфициран патник.

Постои можност за понатамошно пријавување на нови случаи во периодот на активност на комарците за лицата кои патуваат во зафатените региони и ризикот за овие лица се проценува како низок до среден.

– Ризикот за населението во РСМ во моментов се оценува како низок. Ризикот може значително да се намали со спроведување на препорачаните превентивни мерки за заштита од убоди од комарци и придржувањето кон препорачаните превентивните мерки и совети – додава Институтот.

Зика вирусната болест е акутна вирусна инфекција предизвикана од вирусот Зика, арбовирус од родот Flavivirus и фамилијата Flaviviridae. Болеста најчесто се пренесува преку убод од инфицирани комарци од родот Aedes, кои се активни претежно во текот на денот, најзастапени во тропските и суптропските региони, но можно е пренесување и по сексуален пат, вертикално од мајка на плодот за време на бременоста, како и преку трансфузија на крв.

Инкубацијата на болеста вообичаено трае 3-14 дена. Клиничката слика главно е лесна и се карактеризира со симптоми кои вообичаено траат 2-7 дена, иако најголем процент од инфицираните лица (окулу 80 отсто) не развиваат симптоми. Од симптоми најчесто се јавуваат: осип, покачена телесна температура, конјунктивитис, главоболка, мијалгии и артралгии.

Инфекцијата со вирусот Зика за време на бременоста може да предизвика раѓање на бебиња со микроцефалија и други конгенитални малформации, како и да предизвика предвремено породување и спонтан абортус, може да биде поврзана и со синдромот Guillain-Barré, невропатија и миелитис кај возрасни и деца, од што произлегува и јавно-здравственото значење на оваа болест. Конгенитални малформации се јавуваат и по симптоматска и по асимптоматска инфекција. Овие симптоми се вообичаени за други арбовирусни и неарбовирусни заболувања; затоа, дијагнозата на инфекција со вирусот Зика бара лабораториска потврда.



Поврзани содржини

Пожар избувна кај ПМФ и парк-шумата Гази Баба

19 јуни 2026

Видео: Дебрешани бараат вода, протестот пред Општина Гостивар заврши со инцидент

19 јуни 2026

Албанската влада го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop” со Македонија

19 јуни 2026
НАЈНОВО

Шпанскиот премиер Санчез изрази целосна солидарност со Мелони по изјавите на Трамп

20 јуни 2026

Пожар избувна кај ПМФ и парк-шумата Гази Баба

19 јуни 2026

Се судрија возови кај Лондон, има повредени (видео)

19 јуни 2026

Видео: Дебрешани бараат вода, протестот пред Општина Гостивар заврши со инцидент

19 јуни 2026

Албанската влада го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop” со Македонија

19 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.