Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Стојаноски: Бројките потврдуваат – близу 17.000 повеќе вработени лица и намалена невработеност

19 јуни 2026

Што е „манчестеризмот“, визијата на Енди Бернам за Британија?

19 јуни 2026

МВР ги смени правилата: На полицајците им се дозволува носење уредна брада и тетоважи на рацете

19 јуни 2026

Климовски призна дека државата сака да направи монопол во игрите на среќа

19 јуни 2026

Израелски министер по погибијата на четворица војници: Цел Либан мора да гори

19 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Левица: ШУМСКАТА МАФИЈА ГО ОПУСТОШИ ЛОПУШНИК- ТРАЈАНОВ И МИХАИЛОВ ДА СЕ РАЗРЕШАТ ОД МАКЕДОНСКИ ШУМИ

Press OnlineBy Press Online19 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Соопштение на Левица



🪵 Видео снимката која деновиве кружи на социјалните мрежи покажува застрашувачки кадри од масовна сеча на планината Лопушник – голини наместо шума, искршени стебла, ровови од тешка механизација и предели оставени во состојба на потполно уништување. Граѓани алармираат за масовна нелегална сеча на шума низ повеќе предели во Македонија, додека директорите на ,,Македонски шуми” – Здравко Трајанов и Кире Михаилов молчат и шират партиска агитација на социјални мрежи.

⁉️ Директорот на ,,Македонски шуми” треба да даде одговори на јавноста дали има одобрение и врз основа на која шумско-стопанска основа е извршена сечата на Лопушник? Бидејќи станува збор за немаркирана сеча, сериозни се сомнежите дека станува збор за уште еден екоцид на шумската мафија во Македонија, која со заштита на властите заработува до 50 милиони евра годишно од пустошењето на македонските шуми!

#Левица потсетува дека ова не е случај само на Лопушник, туку вакви сечи се случуваат по сите македонски шуми. Криминалната сеча на шумите е огледало на неодговорното работење на сегашното раководство на претпријатието, поставено по партиска логика на ДПМНЕ. Истото раководство, во кое заменик генералниот директор Кире Михаилов наместо да се занимава со одговорно стопанисување со државните шуми, своето време го трошеше на ширење шовинизам, валидирање говор на омраза и закани за сексуално насилство кон советничката од Левица во Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска.

⚠️ Левица бара оставка на генералниот директор Здравко Трајанов поради неодговорно управување со претпријатието, со што се врши покривање на еколошки криминал врз планината Лопушник, како и отстранување на Кире Михаилов од функцијата заменик генерален директор, како лице чие однесување на социјалните мрежи е директна злоупотреба на јавна функција. Исто така, бараме итно вклучување на МВР, Државниот инспекторат за животна средина и Шумската полиција, со теренска проверка и јавно објавување на наодите.



Поврзани содржини

Стојаноски: Бројките потврдуваат – близу 17.000 повеќе вработени лица и намалена невработеност

19 јуни 2026

МВР ги смени правилата: На полицајците им се дозволува носење уредна брада и тетоважи на рацете

19 јуни 2026

Климовски призна дека државата сака да направи монопол во игрите на среќа

19 јуни 2026
НАЈНОВО

Стојаноски: Бројките потврдуваат – близу 17.000 повеќе вработени лица и намалена невработеност

19 јуни 2026

Што е „манчестеризмот“, визијата на Енди Бернам за Британија?

19 јуни 2026

МВР ги смени правилата: На полицајците им се дозволува носење уредна брада и тетоважи на рацете

19 јуни 2026

Климовски призна дека државата сака да направи монопол во игрите на среќа

19 јуни 2026

Израелски министер по погибијата на четворица војници: Цел Либан мора да гори

19 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.