Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Се судрија возови кај Лондон, има повредени (видео)

19 јуни 2026

Видео: Дебрешани бараат вода, протестот пред Општина Гостивар заврши со инцидент

19 јуни 2026

Албанската влада го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop” со Македонија

19 јуни 2026

Кој го финансираше Претседателскиот центар на Обама? Меѓу донаторите е и Џеф Безос

19 јуни 2026

Рама го обвини Си-Ен-Ен дека не е објективен

19 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Филипче со земјоделци од Иванковци: Катастрофална состојба со откупот на пченица и јачмен

Press OnlineBy Press Online19 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со земјоделци од велешкото село Иванковци, разговараше за состојбите во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците производители на пченица и јачмен.



Земјоделците посочија дека состојбата е катастрофална, се соочуваат со неизвесност, доцнење на субвенциите, а производствените трошоци кои се драстично зголемени.

Дополнителен проблем е што од Министерството за земјоделство, кое треба да ги следи производствените трошоци и да реагира доколку откупната цена на јачменот и пченица е ниска, нема никаква реакција.

Земјоделците на средбата посочија дека ниту откупната цена на јачменот, ниту на пченицата, не се јавно објавени. Жетвата на јачменот е веќе на средина, земјоделците го предаваат, а не знаат по која цена. На дел им се откупува по 9 денари за килограм,, што за нив значи директна загуба. Претседателот Филипче посочи дека со погубните политики на власта земјоделството пропаѓа.

„Земјоделството пропаѓа. Ако државата не ја пресмета производната цена во соодветно време и да даде помош согласно зголемените трошоци, бидејќи ние не знаеме од сега дека порасна цената на ѓубривата, знаеме од кога почна војната на Блискиот Исток, ако немаме Влада која ќе помогне да се има реална цена, што ќе даде дополнителна субвенција, интервентна мерка, а влијае за да има непречен откуп, како што нема, тогаш вие земјоделците сте оставени сами на себе”, рече Филипче.

На средбата Филипче посочи дека СДСМ има план за развој на земјоделството, според потребите на земјоделците, како и план кој го цени трудот на земјоделците.

„Прво, соодветна производна цена по јавна и јасна методологија, за да се знае колку е трошокот. Ако остане неоткупен производ, државата да води грижа за тоа. Потоа окрупнување на земјиштето, намалување на земјоделска такса од 2%, средување на состојбата со каналите за наводнување, педолошки анализи на почва и друго и сето тоа да биде стратегија за развој на земјоделството, но да бидеме искрени, сето тоа се прави со помош од ЕУ”, рече Филипче.



Поврзани содржини

Видео: Дебрешани бараат вода, протестот пред Општина Гостивар заврши со инцидент

19 јуни 2026

Албанската влада го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop” со Македонија

19 јуни 2026

Хоџа: Дозволата на „Усје“ ќе биде обновена според новиот закон за контрола на индустриските емисии

19 јуни 2026
НАЈНОВО

Се судрија возови кај Лондон, има повредени (видео)

19 јуни 2026

Видео: Дебрешани бараат вода, протестот пред Општина Гостивар заврши со инцидент

19 јуни 2026

Албанската влада го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop” со Македонија

19 јуни 2026

Кој го финансираше Претседателскиот центар на Обама? Меѓу донаторите е и Џеф Безос

19 јуни 2026

Рама го обвини Си-Ен-Ен дека не е објективен

19 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.