Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Без вода дел од населбата Бутел

21 јуни 2026

Отворање на „Скопско лето“ со изложба за Државниот архив и концерт „Аманет во свила“

21 јуни 2026

Вперениот прст кон Трамп веројатното е потеклото на расколот со Мелони

21 јуни 2026

Левица: Додека директорите слават партиски родендени, шумската мафија ја пустоши и Јабланица

20 јуни 2026

Македонката била спасена од полските спасители кои ја повратиле во живот но трагедијата не можело да биде спречена

20 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Хоџа: Дозволата на „Усје“ ќе биде обновена според новиот закон за контрола на индустриските емисии

Press OnlineBy Press Online19 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


На почетокот на јули ќе има јавна расправа во врска со постапката за продолжување на А-интегрираната дозвола на Цементарницата „Усје“. Барањето е уредно поднесено, а дозволата ќе биде обновена според новиот закон за контрола на индустриските емисии, соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа.



Во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма вечерва Хоџа посочи дека барањето за обнова на дозволата е поднесено и објавено на 22 мај и до 22 јуни тече рокот за увид во барањето и секоја заинтресирана страна, рече, може да поднесе забелешка на постапката за обновување на дозволата.

– Барањето за дозвола беше јавно објавено на 22 мај на веб-страницата на Министерството и уредно доставено до Општина Кисела Вода и Град Скопје. Законскиот рок за поднесување забелешки трае до 22 јуни. Во првата недела од јули ќе се одржи јавна расправа на територијата на Општина Кисела Вода, каде што е лоцирана фабриката. Заради целосна транспарентност, Министерството јавно ќе го објави целиот записник, информираше Хоџа.

Како што рече, барањето е поднесено уредно и според актуелниот закон, дека постапката тече и треба да заврши во март, но дозволата ќе биде обновена според новиот закон за контрола на индустриските емисии, кој треба да стапи во сила во септември идната година. Новиот закон предвидува построги еколошки стандарди и тие ќе важат и за сите оператори со А-дозволи.

– Ќе биде според новиот закон донесен минатата година, ќе го почитуваме законот од точка до точка, изјави Хоџа.

Со оглед на тоа што по 2027 година сите дозволи ќе мора да се ревидираат, според министерот, логично е секое тековно обновување да се врши според идните, повисоки критериуми за заштита на амбиенталниот воздух и околината.

По најавата на иницијатива „Стоп за Усје“ за протестен марш по барањето на „Усје“ за обновување на А-интегрираната дозвола, министерот рече дека ќе има средба со претставниците на иницијативата, како и со сите невладини еколошки организации и екоактивисти.

– Затоа што тие ни се партнери, не се непријатели. Како Министерство сме за дијалог со невладиниот сектор зашто имаме иста цел – чиста и здрава животна средина. Сите се поканети да достават забелешки и ќе имаме јавна расправа, рече Хоџа.

Министерот соопшти дека се подготвува регистар на индустриски капацитети кои поседуваат А-интрегрирана дозвола и оти тие се обврзани да го информираат МЖСПП кое ќе ги објавува мерењата на својата веб-страница.

За приоритетите во неговиот ресор од декември 2025, откога е на чело на МЖСПП, Хоџа посочи дека покрај мерките за намалување на загадувањето со примена на новиот закон за контрола на индустриски емисии, се работи и на трајно решение за изградба на регионални центри за отпад.



Поврзани содржини

Без вода дел од населбата Бутел

21 јуни 2026

Отворање на „Скопско лето“ со изложба за Државниот архив и концерт „Аманет во свила“

21 јуни 2026

Левица: Додека директорите слават партиски родендени, шумската мафија ја пустоши и Јабланица

20 јуни 2026
НАЈНОВО

Без вода дел од населбата Бутел

21 јуни 2026

Отворање на „Скопско лето“ со изложба за Државниот архив и концерт „Аманет во свила“

21 јуни 2026

Вперениот прст кон Трамп веројатното е потеклото на расколот со Мелони

21 јуни 2026

Левица: Додека директорите слават партиски родендени, шумската мафија ја пустоши и Јабланица

20 јуни 2026

Македонката била спасена од полските спасители кои ја повратиле во живот но трагедијата не можело да биде спречена

20 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.