Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

24 јуни 2026

АМСМ: Умерен интензитет на сообраќај, на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

24 јуни 2026

УХМР: Силна нестабилност со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија

24 јуни 2026

Делегација на талибанците по првпат од 2021 година на разговори со ЕУ во Брисел

24 јуни 2026

Екоактивисти и граѓани на протестен марш „Стоп за Усје“

23 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Елмази: Абази да отвори предмет за јавните набавки на заштитни огради на патиштата

Press OnlineBy Press Online23 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Поминаа три дена откако во јавноста излегоа сериозни информации поврзани со работењето на поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. Во напис објавен во печатен медиум беа изнесени скандалозни информации дека Рустеми вршел притисок врз една од најголемите европски компании за производство на заштитни огради да не учествува на тендери во Република Северна Македонија, изјави на прес-конференција Мухамед Елмази од Вреди, што МИА ја пренесува интегрално.

Една европска компанија била тргната настрана, а патот бил отворен за компанија од Србија.

Тука не зборуваме за обичен тендер. Тука зборуваме за елиминирање конкуренција, за фаворизирање фирма и за милионски суми од јавни пари.

Уште посериозно е што станува збор за заштитни огради. Тоа не се украси покрај патиштата. Тоа е опрема директно поврзана со безбедноста во сообраќајот и со човечките животи.

Ако безбедноста на граѓаните била ставена на пазар за тендерот да заврши кај српска компанија, тогаш дали треба да чекаме нови трагедии како Ласкарци за институциите конечно да се разбудат?

Ако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција молчи пред овие сериозни информации, тогаш прашањето што само по себе се наметнува е едноставно: дали Ислам Абази знае дека Обвинителството треба да постапува и по „допрен глас“, или чека да слушне што ќе му каже Али Ахмети?

Затоа бараме од Ислам Абази веднаш да отвори предмет и да ги провери сите информации поврзани со јавните набавки, заштитните огради и милионските суми што се споменуваат во јавноста.

Граѓаните имаат право да знаат дали јавните пари биле трошени законски и зошто била фаворизирана српска компанија.

ДУИ се лажни патриоти. За правата на Албанците галамат кога се во опозиција, а кога беа на власт правеа алаш-вериш со српски компании за целосно лични интереси.

Нема да дозволиме оваа тема да се затвори со молк.

Бараме Обвинителството да не губи време, туку веднаш да постапи и да ѝ соопшти на јавноста какви чекори ќе преземе.



Поврзани содржини

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

24 јуни 2026

АМСМ: Умерен интензитет на сообраќај, на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

24 јуни 2026

УХМР: Силна нестабилност со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија

24 јуни 2026
НАЈНОВО

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

24 јуни 2026

АМСМ: Умерен интензитет на сообраќај, на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

24 јуни 2026

УХМР: Силна нестабилност со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија

24 јуни 2026

Делегација на талибанците по првпат од 2021 година на разговори со ЕУ во Брисел

24 јуни 2026

Екоактивисти и граѓани на протестен марш „Стоп за Усје“

23 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.