Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме

25 јуни 2026

Два земјотреси над седум степени го потресоа Каракас, има жртви (ВИДЕО)

25 јуни 2026

Ако патувате за Халкидики: Целосно се затвора обиколницата кон Солун во двата правци

25 јуни 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

25 јуни 2026

Крим во карантин, а Путин призна „огромен прилив“ на украински дронови

25 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска на протестен марш пред Собранието

Press OnlineBy Press Online23 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска во 18 часот организира протестен марш под мотото „Не за нова дозвола по стари правила“, кој ќе започне пред Собранието и ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање.



Од иницијативата наведуваат дека протестот се организира поради, како што велат, сериозни недостатоци во постапката за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола за цементарницата „ТИТАН Усје“.

Според активистите, објавената документација не е усогласена со идните европски стандарди и содржи помалку информации од постојната дозвола. Тие тврдат дека во барањето се наведени гранични вредности само за три загадувачи, при што дел од нив остануваат значително повисоки од стандардите што важат во Европската Унија.

Особено загрижувачко, според иницијативата, е тоа што во документот не се предвидени гранични вредности и обврски за мониторинг на тешки метали, диоксини и фурани, супстанции кои можат да имаат сериозни последици врз здравјето на луѓето и животната средина.

Од „Стоп за Усје“ ги повикаа граѓаните, стручната јавност, медиумите и граѓанските организации да им се придружат на маршот и заеднички да побараат транспарентна постапка и усогласување со европските еколошки стандарди.

Од друга страна, од „ТИТАН Усје“ претходно соопштија дека барањето за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола е подготвено и поднесено целосно во согласност со важечката законска регулатива.

Компанијата нагласува дека сите редовни и контролни мерења, спроведени од Државниот инспекторат за животна средина и акредитирани лаборатории, покажуваат усогласеност со пропишаните еколошки стандарди.

Од „ТИТАН Усје“ посочуваат дека кај одредени параметри, како што се емисиите на сулфур диоксид и прашина, измерените вредности се повеќекратно пониски од законски дозволените граници.

Компанијата истакнува дека ќе продолжи да ги почитува сите законски обврски и останува отворена за дијалог со сите засегнати страни, повикувајќи на разговор заснован на факти, транспарентност и точни информации.



Поврзани содржини

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме

25 јуни 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

25 јуни 2026

Утковски: Љупчо Палевски е најдобар здравствено и не чувствува вина, Крмзов е во Систина а таткото на малата Катја е под видео надзор

24 јуни 2026
НАЈНОВО

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме

25 јуни 2026

Два земјотреси над седум степени го потресоа Каракас, има жртви (ВИДЕО)

25 јуни 2026

Ако патувате за Халкидики: Целосно се затвора обиколницата кон Солун во двата правци

25 јуни 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

25 јуни 2026

Крим во карантин, а Путин призна „огромен прилив“ на украински дронови

25 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.