Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Германија ќе ја зголеми границата за пензионирање на 70 години – но до 2090

23 јуни 2026

Професорот Владо Бучковски е избран за претседател на Универзитетскиот сенат на УКИМ

23 јуни 2026

(Видео) Пукање во Ченто среде бел ден: Се расправале, па се фатиле за оружје

23 јуни 2026

(Видео) Пукање во Ченто среде бел ден: Се расправале, па се фатиле за оружје

23 јуни 2026

Унгарскиот парламент усвои пакет закони за деблокирање на европските фондови

23 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

„Титан-Усје“: Како прва компанија со А-интегрирана дозвола остануваме посветени на највисоките еколошки стандарди

Press OnlineBy Press Online23 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Од скопската цементарница „Титан-Усје“ велат дека се компанија која строго ги почитува сите обврски што произлегуваат од важечката регулатива и остануваат целосно посветени на усогласување со сите идни законски решенија што ќе стапат во сила.

Компанијата, како што се вели во денешното соопштение, со големо внимание ги следи сите законски промени и во меѓународното и домашното законодавство и континуирано инвестира во нова технологија за да може да се приспособи на регулаторните барања. Оттаму додаваат дека во изминатите 15 години компанијата инвестирала 29 милиони евра во модернизација и заштита на животната средина.

Од компанијата велат дека се одговорен член на заедницата кој транспарентно работи и дејствува во согласност со законските обврски и континуирано инвестираат во развој на општеството во целина.

 

 

 

 

 

„Како прва компанија во Скопје која доби А-интегрирана еколошка дозвола и една од првите во државата, ‘Титан-Усје’ уште тогаш ја потврди својата определба за примена на највисоки стандарди во индустријата. Компанијата е во постојан инвестициски циклус за модернизација и унапредување на процесите“,се додава во соопштението.

Апликацијата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, за која велат дека е во согласност со важечките законските и подзаконските акти, била поднесена до Министерството за животна средина и просторно планирање во март годинава. Компанијата, велат оттаму, доследно, навремено и транспарентно ги спроведе сите постапки и активности предвидени со процедурата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, апликацијата е јавно достапна и ставена на увид на сите заинтересирани страни.

Од „Титан-Усје“ велат дека го почитуваат интересот на јавноста за прашањата поврзани со животната средина и остануваат отворени за дијалог заснован на факти, стручни аргументи и точни информации, притоа додаваат дека транспарентноста, почитувањето на законите, процедурите и конструктивната комуникација се најдобриот начин за градење доверба и заеднички придонес кон подобра животна средина.

„Во изминатите години компанијата инвестираше значителни средства во современи технологии и опрема за заштита на животната средина, вклучително и најсовремени системи за филтрација и независен систем за континуирано следење на емисиите. Резултатите од редовните и контролните мерења потврдуваат дека сите параметри се во рамки на законски пропишаните вредности, при што дел од нив континуирано се повеќекратно пониски од максимално дозволените лимити“, се вели во соопштението.

Со цел дополнително намалување на влијанието врз животната средина, од „Титан-Усје“ велат дека преку континуирани инвестиции во технологија и управување со процесите применуваат најдобри достапни техники и стандарди во индустријата. Дополнително на тоа, велат дека компанијата се придржува и до најдобрите меѓународни признаени практики и ESG стандарди, покажувајќи јa долгорочната посветеност и одговорност кон заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и модерното корпоративно управување.



Поврзани содржини

Професорот Владо Бучковски е избран за претседател на Универзитетскиот сенат на УКИМ

23 јуни 2026

(Видео) Пукање во Ченто среде бел ден: Се расправале, па се фатиле за оружје

23 јуни 2026

(Видео) Пукање во Ченто среде бел ден: Се расправале, па се фатиле за оружје

23 јуни 2026
НАЈНОВО

Германија ќе ја зголеми границата за пензионирање на 70 години – но до 2090

23 јуни 2026

Професорот Владо Бучковски е избран за претседател на Универзитетскиот сенат на УКИМ

23 јуни 2026

(Видео) Пукање во Ченто среде бел ден: Се расправале, па се фатиле за оружје

23 јуни 2026

(Видео) Пукање во Ченто среде бел ден: Се расправале, па се фатиле за оружје

23 јуни 2026

Унгарскиот парламент усвои пакет закони за деблокирање на европските фондови

23 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.