Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Еве ја температурата за денес: Париз 41, Мадрид 38, Франкфурт 37…

24 јуни 2026

Центар побара засилена контрола од МВР на детските игралишта

24 јуни 2026

Голем пожар во Атина: Повеќе од 16 часа гори фабрика за пластика

24 јуни 2026

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници

24 јуни 2026

„Институциите да го истражат скандалот со бугарската фирма на Јанушев“, велат од СДСМ

24 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

САД со нови санкции за Куба

Press OnlineBy Press Online24 јуни 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

САД вчера воведоа нови санкции за кубанските државни компании, кои според аналитичарите најверојатно ќе ги заплашат странските инвеститори и ќе ја продлабочат економската криза.

Според новите американски санкции, секој што обезбедува услуги за санкционираните кубански субјекти може да биде казнет и исклучен од американскиот финансиски систем.

Санкции се воведени за пет кубански ентитети од кои три се поврзани со „Групо де администрасион Емпресариал С. А“ (ГАЕСА) деловен конгломерат со кој управуваат Кубанските револуционерни вооружени сили. Конгломератот контролира речиси 40 отсто од бруто домашниот производ на Куба.

Помеѓу санкционираните се и компанијата за извоз и увоз, комерцијална банка за странските инвеститори, државната рударска компанија и најголемиот кубански производител на челик.

– Ситуацијата во Куба се влошува бидејќи корумпираниот, брутален и антиамерикански комунистички режим на островот продолжува да дава приоритет на сопствената целосна контрола врз слободата, можностите и основната благосостојба на кубанскиот народ, објави Рубио на платформата Икс.

Рубио, син на кубански имигранти, ги обвини „режимските елити“ дека го користат ГАЕСА за „крадење на оскудните ресурси на островот, пренасочувајќи ги за репресија, антиамериканска субверзија и шпионажа наместо за училишта, електрани и основни потреби на кубанскиот народ“.

Шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез ги отфрли санкциите, нарекувајќи го Рубио „нечесен и лажго“.

– Куба се покажа посилна, поспособна и поефикасна отколку што очекуваше, наспроти суровата агресија и колективната казна наметната врз нејзиниот народ и нивните услови за живот. Она што оваа личност го промовира од најголемата светска сила е кривично дело, објави Родригез на Икс. 

Поврзани содржини

Еве ја температурата за денес: Париз 41, Мадрид 38, Франкфурт 37…

24 јуни 2026

Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

24 јуни 2026

Делегација на талибанците по првпат од 2021 година на разговори со ЕУ во Брисел

24 јуни 2026
НАЈНОВО

Еве ја температурата за денес: Париз 41, Мадрид 38, Франкфурт 37…

24 јуни 2026

Центар побара засилена контрола од МВР на детските игралишта

24 јуни 2026

Голем пожар во Атина: Повеќе од 16 часа гори фабрика за пластика

24 јуни 2026

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници

24 јуни 2026

„Институциите да го истражат скандалот со бугарската фирма на Јанушев“, велат од СДСМ

24 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.