Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Рама тврди дека на протестите во Тирана учествувала Икбале Худити, сестра на иранскиот генерал, Касем Сулејмани

25 јуни 2026

Британец ја избодел сопругата 78 пати: „Ми кажуваше како да ги трошам моите пари“

25 јуни 2026

Во среда и во сабота само жени може да се капат во базенот во Тетово

25 јуни 2026

Белград е меѓу најскапите европски градови за самци

25 јуни 2026

Катастрофа во Венецуела. Можни се илјадници мртви по двата силни земјотреси (видео)

25 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Скопјанец лажно се претставил како лекар од Италија и барал 35.000 евра

Press OnlineBy Press Online25 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Полициски службеници од ОВР Крива Паланка спречија обид за измама врз повозрасна жителка на градот и привеле 45-годишен скопјанец осомничен за вмешаност во случајот.



Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 24 јуни околу 11:30 часот во Крива Паланка бил лишен од слобода Н.Д. (45) од Скопје поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама.

Според информациите, претходно непознато лице телефонски контактирало со повозрасна жена од Крива Паланка, претставувајќи се како лекар од Италија. Тој ја известил дека нејзината ќерка наводно паднала во Италија и се здобила со тешки повреди, поради што биле потребни 35.000 евра за итна операција.

Жената, бидејќи немала толкав износ, се договорила да ги предаде сите пари што ги имала во домот. Сепак, во меѓувреме стапила во контакт со својот зет, кој ја советувал веднаш да ја извести полицијата.

По пријавата, полициски службеници презеле мерки и активности, при што осомничениот бил затекнат во близина на домот на оштетената и веднаш бил приведен.

Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Поврзани содржини

Во среда и во сабота само жени може да се капат во базенот во Тетово

25 јуни 2026

 Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството

25 јуни 2026

За 3.450 денари поскапе лекот ,,мифортик” кој мора да се пие доживотно за телото да не го отфрли трансплантираниот бубрег

25 јуни 2026
НАЈНОВО

Рама тврди дека на протестите во Тирана учествувала Икбале Худити, сестра на иранскиот генерал, Касем Сулејмани

25 јуни 2026

Британец ја избодел сопругата 78 пати: „Ми кажуваше како да ги трошам моите пари“

25 јуни 2026

Во среда и во сабота само жени може да се капат во базенот во Тетово

25 јуни 2026

Белград е меѓу најскапите европски градови за самци

25 јуни 2026

Катастрофа во Венецуела. Можни се илјадници мртви по двата силни земјотреси (видео)

25 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.