Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Сончево и топло, до 38 степени

27 јуни 2026

Украинците погодија клучна цел во Волгоград со моќниот Фламинго (видео)

27 јуни 2026

ОН ја запре придружбата на бродови низ Ормускиот теснец, откако танкер беше нападнат од Иран

27 јуни 2026

Дури 150 милиони Европејци денес ќе доживеат температури над 35 степени

27 јуни 2026

Забраната на социјалните медиуми за млади во Австралија не е успешна

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

Press OnlineBy Press Online25 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, официјално го потпиша договорот за реализација на повеќегодишниот проект G10231 – „Интероперабилен систем за командување со инциденти управуван од вештачка интелигенција за прекуграничен одговор при кризни и итни состојби (NICS-2)“, кој се спроведува во рамки на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“ (Science for Peace and Security – SPS), информираат од Центарот за управување со кризи.

„По многу години, за првпат сериозно, со јасна визија и силна меѓународна поддршка, започнува процесот на изградба на современ и интегриран систем за управување со кризи во Република Северна Македонија. Овој проект претставува значајно признание за капацитетите и посветеноста на институцијата во областа на управувањето со кризи, како и важен чекор кон модернизација на националните системи за координација, рано предупредување и справување со природни непогоди и вонредни состојби“, соопштуваат од ЦУК.

Оттаму нагласуваат дека „со имплементацијата на NICS-2 ќе се зајакне меѓуинституционалната интероперабилност, ќе се унапредат капацитетите за донесување одлуки во реално време и ќе се создадат поефикасни механизми за заштита и безбедност на граѓаните“.

„Проектот претставува значаен придонес кон зајакнување на меѓународната соработка. Преку оваа иницијатива ќе се овозможи поддршка заедно со партнерите од Украина, преку споделување знаења, искуства и најдобри практики во областа на управувањето со кризи и итни состојби“, се нагласува во соопштението од ЦУК.

Поврзани содржини

Сончево и топло, до 38 степени

27 јуни 2026

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026
НАЈНОВО

Сончево и топло, до 38 степени

27 јуни 2026

Украинците погодија клучна цел во Волгоград со моќниот Фламинго (видео)

27 јуни 2026

ОН ја запре придружбата на бродови низ Ормускиот теснец, откако танкер беше нападнат од Иран

27 јуни 2026

Дури 150 милиони Европејци денес ќе доживеат температури над 35 степени

27 јуни 2026

Забраната на социјалните медиуми за млади во Австралија не е успешна

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.