Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Левица: Орце во Израел учеше дигитализација или како се убиваат деца?

25 јуни 2026

Костадиновски: Ист коефициент на плата за уставните судии и за владиниот и собранискиот генерален секретар е негирање на уставната положба

25 јуни 2026

Рама тврди дека на протестите во Тирана учествувала Икбале Худити, сестра на иранскиот генерал, Касем Сулејмани

25 јуни 2026

Британец ја избодел сопругата 78 пати: „Ми кажуваше како да ги трошам моите пари“

25 јуни 2026

Во среда и во сабота само жени може да се капат во базенот во Тетово

25 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

 Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството

Press OnlineBy Press Online25 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Медицинската сестра, Стефани Столевска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), во видео обраќање, во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителство и трансплантација, уште еднаш потсетува на важноста на дарувањето органи, за човечноста, за хуманоста и за секоја добронамерно донесена одлука за спас на пациентитe.



-Како медицинска сестра-анестетичар и дел од тимот за трансплантација на органи најпрво би сакала да изразам огромна благодарност кон семејствата на пациентите коишто се наоѓаат во многу тежок момент за донесување одлука за дарување орган. Во тој момент се наоѓаат во многу тешка ситуација, а истовремено придонесуваат да се продолжи нечиј друг живот. Сакам да упатам апел кон целата популација во нашата држава за што почесто дарување на органите, затоа што сите сме потенцијални пациенти, потенцијални донори и никогаш не знаеме што би било во иднина, истакнува Столевска.

Министерот за здравство, Азир Алиу посочува дека со ова видео ја продолжуваме кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, за да ја зајакнеме јавната свест, довербата и подготвеноста за разговор на оваа тема.

-Последните трансплантации на срце и бубрег уште еднаш нè потсетија дека зад секој спасен живот не стои само медицинска експертиза, туку и една длабоко хумана одлука. Најсилната порака денес доаѓа од докторите, затоа што тие секојдневно ги гледаат и болката на семејствата и надежта на пациентите што чекаат трансплантација, порачува министерот Алиу.



Поврзани содржини

Левица: Орце во Израел учеше дигитализација или како се убиваат деца?

25 јуни 2026

Костадиновски: Ист коефициент на плата за уставните судии и за владиниот и собранискиот генерален секретар е негирање на уставната положба

25 јуни 2026

Во среда и во сабота само жени може да се капат во базенот во Тетово

25 јуни 2026
НАЈНОВО

Левица: Орце во Израел учеше дигитализација или како се убиваат деца?

25 јуни 2026

Костадиновски: Ист коефициент на плата за уставните судии и за владиниот и собранискиот генерален секретар е негирање на уставната положба

25 јуни 2026

Рама тврди дека на протестите во Тирана учествувала Икбале Худити, сестра на иранскиот генерал, Касем Сулејмани

25 јуни 2026

Британец ја избодел сопругата 78 пати: „Ми кажуваше како да ги трошам моите пари“

25 јуни 2026

Во среда и во сабота само жени може да се капат во базенот во Тетово

25 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.