Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Се трага по 77-годишна жена од Орешани, боледува од деменција

26 јуни 2026

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

26 јуни 2026

Не постои доктрина наречена екстремизам

26 јуни 2026

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати

26 јуни 2026

Еден од тројца бездомници во Атина на улица живее пет или повеќе години

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Мал проблем е што овој од Пампорово сега има каде да се жали, откако оној од Паљури го смени името за Македонија да влезе во НАТО.

Press OnlineBy Press Online26 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Баш ми е гајле кој каде оди на скијање. Ама, за очекување е премиер да има политички осет и да даде личен пример за политиките што ги застапува. Особено дека секој ден ни збори против Бугарија. Сега нѐ предупредува дека и парите од фондовите за раст и развој на ЕУ сакаат да ни ги сопрат, а тој ги троши заштедите за зимскиот распуст на децата баш во таа непријателска земја која со години не ни дава да мрднеме од место и чии политичари сакаат да нѐ снема како Македонци. Згора на тоа, пак, на неговите сограѓани што уште не зеле бугарски пасоши, кога се жалат дека трпат малтретирање и понижување со новиот систем за влез и излез од ЕУ им порачува да одмараат дома, додека неговото семејство патува во ЕУ со придружба. Како да заборава дека тие исти граѓани лани му го платија и државното авионче да не задоцни на враќање од море во Хрватска.



Којзнае, можеби од партијата ќе кажат дека премиерот си го пратил семејството во Бугарија како гест на добрососедство. А самиот Мицкоски објави дека ги информирал партнерите во НАТО оти  Бугарија ја загрозила бебедноста на неговото семејство затоа што во медиумите протекла дипломатската нота за престојот на неговата сопруга и помалиот син во бугарскиот скијачки центар.

Ете уште една придобивка од членството во НАТО. Мал проблем е што овој од Пампорово сега има каде да се жали, откако оној од Паљури го смени името за Македонија да влезе во НАТО.

Како опозиција, главното ветување на ВМРО-ДПМНЕ беше дека кога ќе дојде на власт ќе ја смени преговарачката рамка за ЕУ.

Две години откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вели дека во моментов се испразнети 16 амбасадорски места. Меѓу нив, празни се и македонските амбасади во Софија и Атина.

Тука завршува муабетот за промена на преговарачката рамка. Ако воопшто некој имал илузија дека со оваа дипломатија може да се промени.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.МК



Поврзани содржини

Се трага по 77-годишна жена од Орешани, боледува од деменција

26 јуни 2026

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

26 јуни 2026

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Се трага по 77-годишна жена од Орешани, боледува од деменција

26 јуни 2026

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

26 јуни 2026

Не постои доктрина наречена екстремизам

26 јуни 2026

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати

26 јуни 2026

Еден од тројца бездомници во Атина на улица живее пет или повеќе години

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.