Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Невреме предизвика доцнења и откажани летови на аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ во Лондон

27 јуни 2026

„И Кошта ги пофали резултатите од работата на министрите на ЗНАМ “-Максо не дава нивна реконструкција но сепак не исклучува компромис ако е морално

27 јуни 2026

Јанша најави преместување на словенечката амбасада во Ерусалим и укинување на признавањето на палестинската држава

27 јуни 2026

Починато лице пронајдено во стан во скопски Карпош

27 јуни 2026

Австрија ја поздрави одлуката на ЕУ за исклучување на Украинците на возраст за воена служба од продолжување на привремената заштита

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Кузеска: За две години нула исполнети ветувања во земјоделството

Press OnlineBy Press Online27 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Две години Влада на Мицкоски се две години уништување на македонското земјоделство. Нема гранка во земјоделството, нема земјоделец што не нема проблем – сите, и градинарите, и овоштарите, и лозарите, и сточарите, и поледелците, истакна на прес – конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.



За две години ВМРО покажа тотална негрижа за земјоделците, за луѓето кои што се заслужни што имаме храна, за секторот кој може да даде сериозен инпут во извозот и во вкуната економија.

Ветуваа сигурен откуп, загарантирани цени, повисоки субвенции, инвестиции, поддршка за младите земјоделци и заштита на домашното производство.

Ги излажаа земјоделците, ништо не исполнија.

Откупот на земјоделски производи од малите земјоделци е намален за 46,2%.

Ветија 180 милиони евра финансиска поддршка за земјоделците. Не само што не се 180 милиони евра, туку и ги намалија за 40 милиони евра.

За две години цената на млекото се намали за 10 денари а, субвенциите кај кравите се намалија од 12.000 денари на 8.000 денари

Две години се крши Законот за вино и не се објавува производната цена на грозјето за двете сорти Вранец и Смедеревка.

Две години за лозарите по килограм нема субвенции но затоа две години има за винариите и тоа по 10 денари за килограм грозје.

Ветија поголеми субвенции за пченицата и јачменот но не само што не ги зголемија субвенциите туку дополнително ги условија земјоделците ако сакаат да добијат субвенции мора 30% од производството да биде предадено кај регистрирани откупувачи.

Ветуваа поголема поддршка за малите земјоделци но им ги зголемија минималните прифатливи површини како услов за добивање на субвенции со што голем број на мали земјоделци нема да можат да добијат субвенции.

Не им кажаа на земјоделците дека ќе ја укинат авансната исплата но го направија тоа и сега им должат неисплатени субвенции од 2025 година а законскиот рок за исплата на субвенции до 30 јуни 2026 истекува.

Нема повисок и достоинствен доход за земјоделците – земјоделците, луѓето кои работат од утро до мрак на нива, во фарма, се понижени и осиромашени од оваа власт.

Ветуваа инвестиции од стотици милиони евра во хидросистеми и модерни системи за наводнување „капка по капка“. Ништо нема – капиталните проекти во водостопанството се целосно стопирани.

Нема зголемен сточен фонд. Сточарството во Македонија е пред тотално изумирање, фармите масовно се затвораат поради скапата сточна храна и ниската откупна цена на млекото.

Нема неповратни финансиски средства за младите земјоделци. Нема нови откупни центри.

Нема максимално искористување на европските фондови. Напротив, ВМРО не посрамоти пред Европската унија со скандалозниот криминал со ИПАРД 3, ни блокираа пари, заради тоа што оваа криминална власт посегна по европските пари. Е тоа е ВМРО!

За две години, НУЛА исполнети ветувања во земјоделството.



Поврзани содржини

„И Кошта ги пофали резултатите од работата на министрите на ЗНАМ “-Максо не дава нивна реконструкција но сепак не исклучува компромис ако е морално

27 јуни 2026

Починато лице пронајдено во стан во скопски Карпош

27 јуни 2026

Посетителите на Шар Планина задолжително да се пријавуваат пред движење во шумски подрачја

27 јуни 2026
НАЈНОВО

Невреме предизвика доцнења и откажани летови на аеродромите „Хитроу“ и „Гетвик“ во Лондон

27 јуни 2026

„И Кошта ги пофали резултатите од работата на министрите на ЗНАМ “-Максо не дава нивна реконструкција но сепак не исклучува компромис ако е морално

27 јуни 2026

Јанша најави преместување на словенечката амбасада во Ерусалим и укинување на признавањето на палестинската држава

27 јуни 2026

Починато лице пронајдено во стан во скопски Карпош

27 јуни 2026

Австрија ја поздрави одлуката на ЕУ за исклучување на Украинците на возраст за воена служба од продолжување на привремената заштита

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.