Рано утринава, околу 4 часот по полноќ, било запалено возило ,,ренџ ровер” во Скопје.
-На 28.06.2026 во 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Б.(54) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

