Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ООН предупредува на глобална трка за критични минерали, Македонија сè уште не го користи бакарот од Иловица

29 јуни 2026

И Стоиљковиќ ги пакува куферите, Мицкоски ќе си назначи нов министер

29 јуни 2026

Полицијата го бара Бетмен: Одмаздник врзува крадци за столбови и им црта мустаќи

29 јуни 2026

Интензивно се работи на патниот правец Ќафасан – Елбасан, главен јазол на копнената врска на Албанија со Македонија и Грција

29 јуни 2026

Будрис: Сега е моментот да се оди напред, и мора да завршиме со полноправно членство

29 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Израел го призна ерменскиот геноцид на Отоманската империја, Турција гневна

Press OnlineBy Press Online29 јуни 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Израелската влада официјално призна дека се случил ерменски геноцид од 1915-1916 година во време на Отоманската империја. Одлуката беше едногласна.

„Историска одлука: израелската влада едногласно го одобри предлогот на министерот за надворешни работи Гидеон Саар за признавање на ерменскиот геноцид“, се вели во соопштението на израелската влада.

Гидеон Саар, кој минатата недела објави дека ќе го поднесе законот за признавање на ерменскиот геноцид на гласање, напиша на Икс дека „никогаш не е предоцна да се направи вистинската работа“.

„Израел им се придружува на 32 земји кои ја исполнија својата морална должност со признавање на историската вистина и отфрлање на обидите за нејзино негирање“, напиша Саар.

Во видео изјава на хебрејски јазик, тој исто така рече: „Овој ужасен геноцид, кој се случи пред повеќе од 100 години, а фактите не се предмет на дебата, вклучуваше убиство на 1,5 милиони луѓе и уништување на античко и историско културно наследство“, рече тој, како што цитираше „Тајмс оф Израел“.

„Верувам дека е наш морален императив како Евреи – и секако како држава на еврејската нација – да ја донесеме одлуката што ја донесовме денес“, додаде министерот за надворешни работи.

Израел досега се воздржа од таков потег поради загриженост за дипломатски тензии со Турција. Анкара, вклучувајќи го и самиот претседател Реџеп Таип Ердоган, долго време го обвинува Израел за геноцид во Газа, што Израел го негира. Пред гласањето за текстот, потпретседателот на Турција, Џевдет Јилмаз, ја опиша резолуцијата на Израел како „обид да ги прикријат сопствените злосторства“.

Сар тврдеше дека гласањето „не е „чин на одмазда“ за отвореното непријателство, „заедно со ужасната реторика и непријателските дејствија на Турција, под водство на Ердоган, кон Израел“. Тој додаде: „Понатаму, фактот дека Турција промовира лажни наративи против Израел не ѝ дава имунитет од историските вистини“.

Билатералните односи меѓу двете земји се затегнати од 2023 година поради војната во Газа.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху за прв пат во август 2025 година изјави дека го признава ерменскиот геноцид. Во тоа време, Анкара го обвини дека се обидува да „ги искористи минатите трагедии за политички мотиви“.

Над 30 земји-членки на ОН го признаа ерменскиот геноцид, вклучувајќи ги САД, Германија и Русија. Европскиот парламент, исто така, донесе резолуција со која го признава ерменскиот геноцид.

Поврзани содржини

Полицијата го бара Бетмен: Одмаздник врзува крадци за столбови и им црта мустаќи

29 јуни 2026

Одборот за мир на Трамп планира да обезбеди „широк имунитет“ и бесплатна земја во Газа

29 јуни 2026

Украински полковник пронајден мртов: Бил командант на механизирана бригада

29 јуни 2026
НАЈНОВО

ООН предупредува на глобална трка за критични минерали, Македонија сè уште не го користи бакарот од Иловица

29 јуни 2026

И Стоиљковиќ ги пакува куферите, Мицкоски ќе си назначи нов министер

29 јуни 2026

Полицијата го бара Бетмен: Одмаздник врзува крадци за столбови и им црта мустаќи

29 јуни 2026

Интензивно се работи на патниот правец Ќафасан – Елбасан, главен јазол на копнената врска на Албанија со Македонија и Грција

29 јуни 2026

Будрис: Сега е моментот да се оди напред, и мора да завршиме со полноправно членство

29 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.