Поради расипан систем за климатизација се одложуваат операции на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, пренесува ПорталИкс.
Портал Икс испрати прашање и до министерот за здравство, Азир Алиу, но до објавување на текстот не добивме одговор за тоа дали е надминат проблемот.
Претходно, ПорталИкс објави дека шест реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ сè уште не се пуштени во употреба, иако во април беше организиран настан за нивно промовирање, на кој присуствуваше половина од Владата. Настанот создаде впечаток дека салите веќе се функционални и подготвени за операции.
Станува збор за проект вреден 282 милиони денари, кој опфати реконструкција на операциони сали во Одделот за трауматологија при ТОАРИЛУЦ, две сали во Клиниката за урологија и две во Клиниката за детска хирургија.
Од Министерството за здравство тогаш потврдија дека салите сè уште не се пуштени во употреба и информираа дека тие ќе започнат со работа кога сите ќе бидат подготвени.

