Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Татко и син и мајка и бебе спасени од урнатините во Венецуела

29 јуни 2026

Жештините не попуштаат: Живата на термометарот во 17 часот близу 40 степени, еве каде беше најпеколно

29 јуни 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик во Собранието, отвора врата за изборна кражба

29 јуни 2026

Топлинскиот бран во Европа продолжува, здравствените системи се под притисок

29 јуни 2026

МФ: Собранието го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри-поголема заштита на граѓаните, посилна контрола и современа регулатива

29 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

МФ: Собранието го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри-поголема заштита на граѓаните, посилна контрола и современа регулатива

Press OnlineBy Press Online29 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


 

 – Собранието денеска го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, со кој се воспоставува современа, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област. Новото законско решение има за цел да обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено на младите, да ја намали сивата економија, да ја зајакне контролата и надзорот врз приредувањето на игрите на среќа, да придонесе во борбата против перењето пари и финансиските злоупотреби и да создаде фер и транспарентни услови за работа на сите приредувачи, велат од Министерството за финансии.

Според МФ, постојниот закон повеќе од една деценија ја регулирал оваа област, но во меѓувреме пазарот на игри на среќа значително се променил, се појавиле нови форми на приредување, се проширила мрежата на деловни простории и оттука се наметнала потребата од закон којшто ќе одговори на современите предизвици и ќе овозможи поефикасен надзор и контрола.

-Една од новините е регулирањето на подарувањата (giveaway), за кои се воведува обврска за издавање дозвола и плаќање соодветна давачка за нивно приредување. Дополнително, со законот се уредува дека правото на приредување на лотариските игри на среќа, освен томболата од затворен тип, како и електронските и интернет игрите на среќа, е право на Република Македонија, која ќе ги приредува преку трговско друштво во државна сопственост. Законот воведува и критериуми за соодветност и интегритет („fit and proper“) за членовите на органите на управување, содружниците и соработниците на друштвата кои поседуваат лиценци за приредување игри на среќа. Овие решенија се во согласност со препораките на MONEYVAL и меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансирање на тероризам и претставуваат значаен чекор кон зајакнување на довербата во системот, велат од Министерството за финансии.

Оттаму потенцираат дека посебен акцент е ставен и на регулирањето на рекламирањето на игрите на среќа и оти првпат јасно се забранува рекламирање на надворешниот дел од деловните простории, како и користење светлечки и агресивни реклами.

-Истовремено, се забранува рекламирање кое создава впечаток дека игрите на среќа се средство за финансиски успех, решение за лични или социјални проблеми или кое директно или индиректно ги поттикнува малолетниците да учествуваат во нив. Дополнително, се забранува користење називи што не одговараат на видот на играта за која е издадена лиценцата, со што се обезбедува поголема транспарентност и заштита на јавниот интерес, велат од Министерството.
Сметаат дека и со новиот закон се продолжува со финансиската поддршка на ранливите категории, односно средства во износ од 60 до 120 милиони денари кои се остварени по сите основи од приредувањето на игри на среќа и забавни игри ќе продолжат да се користат за финансирање на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија на граѓани за борба против семејното насилство и за Црвениот крст на Република Македонија.

-Во насока на поефикасна контрола, законот воведува задолжително поставување GPS-систем за позиционирање на секој автомат за игри на среќа, VLT и терминал за електронски игри, поврзан со Управата за јавни приходи. Со ова ќе се обезбедат точни информации за локацијата на секој автомат и ќе се спречи нивно поставување кај нелиценцирани приредувачи, што значително ќе ја подобри ефикасноста на инспекцискиот надзор. Во делот на отворањето деловни простории се воведуваат нови правила со кои се ограничува можноста едно друштво со ист износ на основна главнина да добие повеќе лиценци. За секоја дополнителна лиценца ќе биде потребен соодветен кумулативен износ на основна главнина, со што се обезбедува поголема финансиска одговорност и пофер пазарни услови, велат од МФ

Со новото законско решение, како што нагласуваат, првпат се воведува критериум за оддалеченост на деловните простории за определени приредувачи на игри на среќа од најмалку 500 метри од основните и средните училишта.

Во делот на инспекцискиот надзор и прекршоците се прошируваат основите за одземање лиценци и дозволи, а се зголемува и висината на глобите за сторените прекршоци, со што се овозможува поефикасно санкционирање на незаконското работење.

Со усвојувањето на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, според МФ, се воспоставува современ систем кој обезбедува повисоко ниво на правна сигурност, поголема транспарентност, поефикасен надзор и подобра заштита на јавниот интерес. Очекуваните ефекти се намалување на нелегалното приредување игри на среќа, поефикасно спречување на финансиските злоупотреби, подобра заштита на малолетниците и усогласување на националното законодавство со европските и меѓународните стандарди. 



Поврзани содржини

Жештините не попуштаат: Живата на термометарот во 17 часот близу 40 степени, еве каде беше најпеколно

29 јуни 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик во Собранието, отвора врата за изборна кражба

29 јуни 2026

ВЛЕН: Аферата со канализацијата во Зајас добива нова димензија, дали трагата води до снаата на Али Ахмети?

29 јуни 2026
НАЈНОВО

Татко и син и мајка и бебе спасени од урнатините во Венецуела

29 јуни 2026

Жештините не попуштаат: Живата на термометарот во 17 часот близу 40 степени, еве каде беше најпеколно

29 јуни 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик во Собранието, отвора врата за изборна кражба

29 јуни 2026

Топлинскиот бран во Европа продолжува, здравствените системи се под притисок

29 јуни 2026

МФ: Собранието го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри-поголема заштита на граѓаните, посилна контрола и современа регулатива

29 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.