Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче за Дојче веле: Знаеме зошто го прават тоа

1 јули 2026

Видео-„Фала му на Бога немаме жртви“ – Без паника,будни сме јас и 1000 работници порачува градоначалникот Ѓорѓиевски

1 јули 2026

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

1 јули 2026

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

1 јули 2026

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

1 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

СДСМ: Проектот ЗНАМ 2.0 – платформа за иднината на Мицкоски

Press OnlineBy Press Online1 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) сметаат дека новоформираната демократска платформа „Разговори за иднината во 12:05“ е „Проект ЗНАМ 2.0 – платформа за иднината на Мицкоски“.



Според партијата, промовирање на луѓе без јасна структура и порака не е случајност, туку смислно од премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од СДСМ тврдат дека Мицкоски првично се обидел да ја провлече оваа платформа внатре во самата партија со цел да предизвика внатрешни поделби. Откако тој план пропаднал, како што велат оттаму, сега тоа го прави самостојно.

„Го лансира новиот Максим Димитриевски и неговата екипа. Сега се претставуваат како опозиција, а по изборите ќе посакаат да станат дел од ‘тендер коалицијата’. Така изгледа кога Мицкоски создава и финансира свои сателити“,

се вели во партиското соопштение.
Од СДСМ го коментираат и начинот на кој се одржала дебатата на „Разговори за иднината во 12:05“, посочувајќи дека средбата зад затворени врати била искористена за прикривање на реалноста.

„Затоа и се одржуваат разговори под ‘Chatham House’ правила – сè можат да кажат, освен дека газдата е Мицкоски, а промоторот е Латас“, обвинуваат од Бихаќка.
Партијата повлече паралела со движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски, тврдејќи дека тие прво ја предале сопствената партија, а потоа и своите гласачи, но порачуваат дека овој пат тоа нема да се случи.

„ЗНАМ 2.0 нема гласачи 2.0. Тоа е истиот народ кој беше сведок на сè што направи Мицкоски“,велат од СДСМ.

Во соопштението се додава и дека Мицкоски ги излажал сопствените гласачи за клучните прашања – името, Преспанскиот договор, повисоките плати, ЕУ и економијата, но наместо тоа испорачал „катастрофа во сè што се фати, ја уништи економијата и ја изолира земјата“.

Од партијата порачуваат дека е доста со „сателити на Мицкоски и организирани криминални групи“ кои ги продаваат државните интереси заради лични амбиции и материјална корист.

Од СДСМ велта дека има еден фронт за вистина и правда и најавуваат брзо враќање на власта во рацете на граѓаните.

Реакцијата на СДСМ доаѓа откако денеска под името „Разговори за иднината во 12:05“ беше промовирана нова демократска платформа со цел подигнување на нивото на општествената дебата во земјава.

Првата сесија се одржа зад затворени врати, почитувајќи го традиционалното демократско начело „Chatham house rules“. На неа биле собрани учесници поделени во три неформални групи на општествени чинители: влијателни граѓански активисти кои никогаш не биле партиски членови, гласни актуелни опозициски вршители на јавни функции и истакнати припадници на различни генерации на СДСМ.

Учесниците на денешните разговори, како што се вели во соопштението, заеднички дефинирале неколку заклучоци за моменталната општествено-политичка состојба.



Поврзани содржини

Филипче за Дојче веле: Знаеме зошто го прават тоа

1 јули 2026

Видео-„Фала му на Бога немаме жртви“ – Без паника,будни сме јас и 1000 работници порачува градоначалникот Ѓорѓиевски

1 јули 2026

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

1 јули 2026
НАЈНОВО

Филипче за Дојче веле: Знаеме зошто го прават тоа

1 јули 2026

Видео-„Фала му на Бога немаме жртви“ – Без паника,будни сме јас и 1000 работници порачува градоначалникот Ѓорѓиевски

1 јули 2026

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

1 јули 2026

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

1 јули 2026

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

1 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.