Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли шпекулациите дека неговиот предлог за електронско гласање на дијаспората е поврзан со можна кандидатура за претседател на државата на изборите во 2029 година.
Мицкоски порача дека нема намера да се кандидира за претседател и дека по завршувањето на мандатот како претседател на Владата планира да се врати на факултет.
„Нема да се кандидирам за претседател на државата. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата, се враќам на факултет меѓу студентите. Немам таква амбиција ниту желба“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека барањето дијаспората да може да гласа електронски не е поврзано со негови лични политички планови, туку со овозможување на граѓаните надвор од земјата полесно да го остварат своето избирачко право.

