Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

По осум дена спасен обезбедувач од под урнатините на трговски центар во Венецуела

2 јули 2026

(Видео) Филипче до младите: Борбата за иднината на Македонија е ваша, со вас сум до победа

2 јули 2026

Мицковски- Не сум му се заканувал на Филипче со затвор, само пренесов „Вокс попули“

2 јули 2026

СЗО соопшти дека два третмани за ебола влегуваат во фаза на клинички испитувања во Конго

2 јули 2026

Три лица лишени од слобода поради подметнат пожар на багер на територија на скопски Чаир

2 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се зголеми на 2.295

Press OnlineBy Press Online2 јули 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Една недела по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела, бројот на жртви се зголеми на најмалку 2.295, додека 11.267 лица се повредени, изјави вчера претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез.

Повеќе од 26 илјади припадници на службите за итни случаи и над 17 илјади волонтери се распоредени во погодените области.

Потрагата по преживеани е се уште во тек, иако веќе бледнеат надежите за пронаоѓање на повеќе преживеани под урнатините, откако катастрофата влегува во втората недела.

Родригез рече дека досега 6.461 лице се извлечени живи од урнатините.

По двата земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени на 24 јуни, властите регистрираа 782 последователни потреси. Иако нивната фреквенција и интензитет се намалија, официјалните лица предупредија дека ризикот од уште еден силен земјотрес не е целосно поминат.

Панамериканската здравствена организација (PAHO) предупреди дека катастрофата може да предизвика влошување на кризата во јавното здравје.

Според агенцијата, стотици илјади луѓе сè уште имаат потреба од медицинска помош. Таа апелираше за 24 милиони долари меѓународна помош за да се помогне во набавката на лекови и вакцини и стабилизирањето на здравствените услуги во најтешко погодените региони во текот на следните шест месеци.

Привремената претседателка Делси Родригез вчера прогласи седумдневна национална жалост и изрази сочувство до семејствата на жртвите. Меѓутоа, справувањето со катастрофата е под зголемена критика и  надзор, при што многу Венецуелци сметаат дека одговорот на владата бил бавен и несоодветен.

Поврзани содржини

По осум дена спасен обезбедувач од под урнатините на трговски центар во Венецуела

2 јули 2026

СЗО соопшти дека два третмани за ебола влегуваат во фаза на клинички испитувања во Конго

2 јули 2026

Трагедијата на Трамп: Прави милијарди долари, а не може да стекне почит кај нацијата!

2 јули 2026
НАЈНОВО

По осум дена спасен обезбедувач од под урнатините на трговски центар во Венецуела

2 јули 2026

(Видео) Филипче до младите: Борбата за иднината на Македонија е ваша, со вас сум до победа

2 јули 2026

Мицковски- Не сум му се заканувал на Филипче со затвор, само пренесов „Вокс попули“

2 јули 2026

СЗО соопшти дека два третмани за ебола влегуваат во фаза на клинички испитувања во Конго

2 јули 2026

Три лица лишени од слобода поради подметнат пожар на багер на територија на скопски Чаир

2 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.