Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Петок навечер, Венко Филипче во сала: Имаме итен случај

4 јули 2026

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус поврзана со крузерот

4 јули 2026

Безживотно тело доцна вечерва е извлечено од водите на Вардар

4 јули 2026

Некој продавал производи на „Фејсбук“ преку лажно видео со поглаварот на ИВЗ Фетаху

3 јули 2026

Медведев разговараше со Пезешкијан на церемонијата на погребот на Али Хамнеи

3 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

ДУИ: Назначувањето на Стоилковиќ во Локална самоуправа е обид за релативизирање и ревидирање на Охридскиот договор

Press OnlineBy Press Online3 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Назначувањето на Иван Стоилковиќ за министер за локална самоуправа претставува сериозен политички сигнал и уште еден обид за релативизирање и ревидирање на Охридскиот рамковен договор, обвини денеска членот на претседателството на генералниот совет на ДУИ, Фатон Алити, на прес-конференција.



Според партијата, по укинувањето на „балансерот“, слабеењето на Агенцијата за примена на јазикот и ударите врз албанскиот јазик, сега на ред е демонтирање на уште еден важен столб на Охридскиот договор – децентрализацијата и територијалната поделба од 2004 година.

„Територијалната поделба од 2004 година не е само карта со општини на хартија. Таа е дел од архитектурата на мирот. Затоа, кога денес се зборува за намалување на бројот на општините од 80 на 50, не станува збор за административна рационализација. Станува збор за повторно отворање на прашање кое беше затворено со мировен договор“,
истакна Алити.

Од ДУИ порачаа дека е неприфатливо за општините со мнозинско албанско население, како Чаир, Тетово, Сарај, Липково, Гостивар и Струга, да одлучува министер кој, според нив, нема политички легитимитет, ниту историска чувствителност, ниту морален мандат за ова прашање.

Алити упати предупредување до владината коалиција да не ја отвора оваа тема и да не го тестира политичкото трпение кај Албанците.

„Како што нема да дозволиме загрозување на албанскиот јазик, така нема да дозволиме ниту загрозување на децентрализацијата. Како што нема да прифатиме чекор назад во правичната застапеност, така нема да прифатиме ниту чекор назад во локалната самоуправа. Како што нема да дозволиме бришење на нашите права од институциите, така нема да дозволиме ниту цртање нови карти на грбот на Албанците“,рече тој.

Од партијата потенцираат дека Охридскиот договор е државно прашање и темел на уставниот и политичкиот поредок на оваа држава, а секој обид за негово допирање отвора непотребен политички конфликт.

„Албанците нема да бидат неми набљудувачи на овој процес. Секој обид да се допре територијалната поделба од 2004 година ќе наиде на силен политички, институционален и граѓански отпор. Охридскиот договор, албанскиот јазик, правичната застапеност и децентрализацијата се нашите црвени линии и тие нема да бидат преминати“,
одаде Алити.



Поврзани содржини

Петок навечер, Венко Филипче во сала: Имаме итен случај

4 јули 2026

Безживотно тело доцна вечерва е извлечено од водите на Вардар

4 јули 2026

Некој продавал производи на „Фејсбук“ преку лажно видео со поглаварот на ИВЗ Фетаху

3 јули 2026
НАЈНОВО

Петок навечер, Венко Филипче во сала: Имаме итен случај

4 јули 2026

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус поврзана со крузерот

4 јули 2026

Безживотно тело доцна вечерва е извлечено од водите на Вардар

4 јули 2026

Некој продавал производи на „Фејсбук“ преку лажно видео со поглаварот на ИВЗ Фетаху

3 јули 2026

Медведев разговараше со Пезешкијан на церемонијата на погребот на Али Хамнеи

3 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.