Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Петок навечер, Венко Филипче во сала: Имаме итен случај

4 јули 2026

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус поврзана со крузерот

4 јули 2026

Безживотно тело доцна вечерва е извлечено од водите на Вардар

4 јули 2026

Некој продавал производи на „Фејсбук“ преку лажно видео со поглаварот на ИВЗ Фетаху

3 јули 2026

Медведев разговараше со Пезешкијан на церемонијата на погребот на Али Хамнеи

3 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Некој продавал производи на „Фејсбук“ преку лажно видео со поглаварот на ИВЗ Фетаху

Press OnlineBy Press Online3 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија (ИВЗ), Шаќир Фетаху се нашол во лажна маркетншка кампања на социјалните мрежи во која наводно рекламира и разни производи, пишува „Религија.мк“.



ИВЗ соопшти дека видеоматеријалите кои се појавиле на социјалните платформи се лажни, а гласот на поглаварот на ИВЗ е злупотребен.

-Нагласуваме дека овие содржини немаат никаква поврзаност со Исламската верска заедница, не претставуваат дел од нашата официјална комуникација и не се одобрени ниту овластени од страна на Реисул улема на ИВЗ, Хфз. Х. Шаќир еф. Фетаху. Ваквата злоупотреба на неговиот идентитет претставува обид за доведување на јавноста во заблуда и сериозно нарушување на угледот и достоинството на институцијата, пишува во соопштението на ИВЗ.

ИВЗ ги апелира граѓаните да не им веруваат на ваквите содржини и да не преземаат никакви активности врз основа на нив.

-Воедно, апелираме до дигиталните платформи и до администраторите на страниците на кои се објавени овие материјали да ги отстранат без одлагање, почитувајќи ги правилата за заштита на идентитетот, личните права и спречувањето на дезинформациите. Исламската верска заедница ќе ги преземе сите неопходни институционални и правни мерки за заштита на авторитетот на Реисул улема на ИВЗ, Хфз. Х. Шаќир еф. Фетаху, интегритетот на институцијата и довербата на јавноста, стои во соопштението на ИВЗ.



Поврзани содржини

Петок навечер, Венко Филипче во сала: Имаме итен случај

4 јули 2026

Безживотно тело доцна вечерва е извлечено од водите на Вардар

4 јули 2026

ДУИ: Назначувањето на Стоилковиќ во Локална самоуправа е обид за релативизирање и ревидирање на Охридскиот договор

3 јули 2026
НАЈНОВО

Петок навечер, Венко Филипче во сала: Имаме итен случај

4 јули 2026

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус поврзана со крузерот

4 јули 2026

Безживотно тело доцна вечерва е извлечено од водите на Вардар

4 јули 2026

Некој продавал производи на „Фејсбук“ преку лажно видео со поглаварот на ИВЗ Фетаху

3 јули 2026

Медведев разговараше со Пезешкијан на церемонијата на погребот на Али Хамнеи

3 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.