Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

АфД држи конгрес во Ерфурт, градот е под опсада на демонстранти

4 јули 2026

Пет земји ја блокираат Србија на нејзиниот пат кон ЕУ

4 јули 2026

Зеленски: Освојувањето на Костјантинивка е блеф

4 јули 2026

Фон дер Лајен призна дека има „технички проблеми“ со новите гранични проверки во ЕУ

4 јули 2026

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на Инфективната клиника: Пациентите се хоспитализирани

4 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Зајкова: По 11 дена, случај со седум убоди со нож доби пријава само за „насилство врз дете“

Press OnlineBy Press Online4 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова остро реагираше по одлуката на МВР, 11 дена по нападот врз 14-годишното момче во Ченто, да поднесе кривична пријава за кривичното дело „насилство врз дете“.

Во објава на Фејсбук, Зајкова посочува дека иако ваквиот напад може да содржи елементи на ова кривично дело, останува отворено прашањето дали во конкретниот случај постојат и елементи на потешки кривични дела, како што се тешка телесна повреда или обид за убиство.

По 11 дена, МВР поднесува кривична пријава за ‘насилство врз дете’ за случај во кој дете е избодено седум пати со нож. Да, ваквиот напад може да содржи елементи на ова кривично дело, но вистинското прашање е дали истовремено постојат и елементи на потешко кривично дело – тешка телесна повреда или обид за убиство“, наведува Зајкова.

Таа додава дека доколку седум убоди со нож, оставање на жртвата беспомошна и бегство од местото на настанот не бараат најсериозна правна анализа и јасно образложение од надлежните институции, тогаш граѓаните со право ја губат довербата во правосудниот систем.

„Ако седум убоди со нож, оставање на жртвата беспомошна и бегство од местото на настанот не бараат најсериозна правна анализа и јасно образложение од надлежните, тогаш со право граѓаните ја губат довербата дека правдата е еднаква за сите“, порача Зајкова.



Поврзани содржини

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на Инфективната клиника: Пациентите се хоспитализирани

4 јули 2026

(ВИДЕО) Фрчковски: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење”

4 јули 2026

Загина 28 годишник од Крива Паланка – со возилото удри во бетонски ѕид

4 јули 2026
НАЈНОВО

АфД држи конгрес во Ерфурт, градот е под опсада на демонстранти

4 јули 2026

Пет земји ја блокираат Србија на нејзиниот пат кон ЕУ

4 јули 2026

Зеленски: Освојувањето на Костјантинивка е блеф

4 јули 2026

Фон дер Лајен призна дека има „технички проблеми“ со новите гранични проверки во ЕУ

4 јули 2026

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на Инфективната клиника: Пациентите се хоспитализирани

4 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.