Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Руте: Земјите-членки на НАТО ги зголемија расходите за одбрана за околу четири проценти од БДП

6 јули 2026

Страв во најелитниот дел од Европа. „Дали војната ни доаѓа?“

6 јули 2026

Грција успешно враќа мигранти – сѐ помалку нелегални пристигнувања

6 јули 2026

Кинески моќник осуден на смрт за земање стотици милиони долари мито

6 јули 2026

Буџетска криза во Бугарија: Рекордни трошоци, рекорден долг, но нема реформи

6 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

ЕК призна дека не и функционира новиот граничен режим ЕЕС

Press OnlineBy Press Online6 јули 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската Унија призна дека новиот дигитален систем за евиденција на влез и излез (EEС) се соочува со технички проблеми, откако аеродромите и авиокомпаниите предупредија на долги редици, доцнења на летови и пропуштени конекции. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на Ирска, изјави дека Комисијата активно работи со земјите-членки на отстранување на проблемите, пренесува Политико.

Системот EES, кој стана задолжителен, предвидува државјаните на земјите што не се членки на ЕУ, меѓу кои е и Македонија, при влез и излез од Унијата да поминат биометриска контрола, односно скенирање на отпечатоци од прсти и фотографирање на лицето.

Според европските здруженија на аеродроми ACI Europe, IATA и Airlines for Europe, од воведувањето на системот времето на чекање на граничните контроли значително се зголемило и во шпицот на сезоната достигнува и до пет часа.

Во отворено писмо тие предупредуваат дека милиони патници се погодени од доцнења, пропуштени преседнувања и оперативни проблеми, поради што побараа Европската комисија да им овозможи на земјите поголема флексибилност и, каде што е неопходно, привремено да го суспендираат EES во текот на јули и август.

Од Европската комисија претходно тврдеа дека влијанието на системот е ограничено и дека регистрацијата на еден патник трае околу 70 секунди. Сепак, на голем број аеродроми, вклучувајќи го и римскиот „Фјумичино“, граничните службеници сè уште рачно ги внесуваат податоците, што дополнително ја забавува постапката.

Досега само Шведска и Португалија ги активирале специјалните апликации што овозможуваат побрза обработка на патниците, додека неколку аеродроми и пристаништа привремено го прекинале собирањето биометриски податоци во периодите на најголем метеж за да ги намалат редиците.

И покрај критиките, Европската комисија инсистира дека системот има значајна безбедносна улога. Според податоците на Комисијата, од неговото воведување досега биле идентификувани околу 1.000 лица кои претставувале безбедносен ризик за Европската Унија, а преку EES веќе поминале околу 110 милиони патници.

Поврзани содржини

Руте: Земјите-членки на НАТО ги зголемија расходите за одбрана за околу четири проценти од БДП

6 јули 2026

Страв во најелитниот дел од Европа. „Дали војната ни доаѓа?“

6 јули 2026

Кинески моќник осуден на смрт за земање стотици милиони долари мито

6 јули 2026
НАЈНОВО

Руте: Земјите-членки на НАТО ги зголемија расходите за одбрана за околу четири проценти од БДП

6 јули 2026

Страв во најелитниот дел од Европа. „Дали војната ни доаѓа?“

6 јули 2026

Грција успешно враќа мигранти – сѐ помалку нелегални пристигнувања

6 јули 2026

Кинески моќник осуден на смрт за земање стотици милиони долари мито

6 јули 2026

Буџетска криза во Бугарија: Рекордни трошоци, рекорден долг, но нема реформи

6 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.