Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска побара од САД да не и продаваат на Турција авиони ловци Ф-35, за да не се наруши балансот на силите во регионот.
Не мислам дека треба да им се дадат Ф-35 или мотори за нивните борбени авиони, бидејќи тоа би го нарушило балансот на моќ на Блиски Исток, кој во крајна линија е загарантиран од израелската воздушна супериорност, а исто така, мислам, и од позицијата на Америка на Блиски Исток, изјави Нетанјаху во интервју за „Фокс њуз“.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кого Нетанјаху го смета за близок сојузник, денеска ќе отпатува во Анкара, каде утре и на 8 јуни се одржува Самитот на НАТО.

