Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека европските земји-членки на НАТО и Канада веќе ги зголемиле трошоците за одбрана на околу четири проценти од бруто домашниот производ.
– Минатата година, европските сојузници и Канада потрошија речиси 20 проценти повеќе за основна одбрана отколку претходната година. Гледајќи ги 2025 и 2026 година заедно, тоа се 258 милијарди долари дополнителни инвестиции, наведе Руте.
На минатогодишниот Самит на НАТО земјите-членки се согласија до 2035 година да ги зголемат вкупните трошоци за одбрана на пет проценти од БДП, од кои 3,5 отсто за инвестиции во основна одбрана и дополнителни 1,5 проценти за ставки поврзани со безбедноста.
– Тука во Анкара, очекувам земјите да презентираат јасни, конкретни и веродостојни планови за постигнување на таа цел од пет проценти. А доказите што ги видовме досега се импресивни, истакна Руте.

