Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Без струја делови од Сопиште, Бутел, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров

8 јули 2026

Еко-свест со Јавен повик за грантови до 70.000 евра за граѓански организации

8 јули 2026

Нов енергетски колапс во Куба ја продлабочи кризата: Жителите на Хавана излегоа на улиците

8 јули 2026

Со багер му срушиле дел од куќата во Штип, додека семејството спиело

8 јули 2026

Даниела Димовска нова претседателка на Кривичниот суд во Скопје

8 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Даниела Димовска нова претседателка на Кривичниот суд во Скопје

Press OnlineBy Press Online8 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со 11 гласа „за“, Судскиот совет ја избра Даниела Димовска за нова претседателка на Основниот кривичен суд – Скопје. Таа доби и четири гласа „за“ при гласањето според Бадентеровиот принцип.

Во текот на седницата, повеќе членови на Судскиот совет ја образложија поддршката за Димовска, посочувајќи дека нејзината програма за работа нуди визија за развој и подобро управување со судот.

„Имајќи го предвид извештајот на претседателот на Комисијата, гласав за Даниела Димовска. Во врска со програмата и акциониот план, се определив за судијата Даниела бидејќи има иновативност за управување во Кривичниот суд, наспроти другиот кандидат кој е солиден судија“, рече членот на Судскиот совет, Исамедин Лимани.

Членката на Советот, Антоанета Димовска, оцени дека двата кандидати се квалитетни, но дека програмата на Даниела Димовска оставила посилен впечаток.

„Ивица е солиден судија, работел сериозни предмети. Но присуствував на интервјуто на двата кандидати, а имаше и разлика во пристапот на гледањето на двата кандидати како треба да се менаџира судот. Димовска имаше визија како треба да се менаџира, што треба да прави како иден претседател. Програмата на Димовска е развојна, визионерска и реална согласно буџетот, како и оптимистичка дека може да обезбеди средства“, рече Димовска.

Поддршка за изборот даде и членот на Судскиот совет, Ивица Николовски, кој нагласи дека е разочарувачки што за функцијата се пријавиле само двајца кандидати, иако условите ги исполнувале многу повеќе судии.

„Овој суд е огледало на перцепцијата на граѓаните за работата на судовите. Димовска сменила неколку претседатели и можела да осети и добро и лошо менаџирање. Со искуството верувам дека ќе ги подобри работите. Пресудно за да направам разлика помеѓу двајцата кандидати е што кај Даниела осетив предизвик да се менаџира со овој суд и да се биде прв меѓу еднаквите. И со овие скромни ресурси верувам дека ќе носи рационални решенија за да го искористи капацитетот за поефикасна и побрза правда“, рече Николовски. 

Поврзани содржини

Без струја делови од Сопиште, Бутел, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров

8 јули 2026

Еко-свест со Јавен повик за грантови до 70.000 евра за граѓански организации

8 јули 2026

Со багер му срушиле дел од куќата во Штип, додека семејството спиело

8 јули 2026
НАЈНОВО

Без струја делови од Сопиште, Бутел, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров

8 јули 2026

Еко-свест со Јавен повик за грантови до 70.000 евра за граѓански организации

8 јули 2026

Нов енергетски колапс во Куба ја продлабочи кризата: Жителите на Хавана излегоа на улиците

8 јули 2026

Со багер му срушиле дел од куќата во Штип, додека семејството спиело

8 јули 2026

Даниела Димовска нова претседателка на Кривичниот суд во Скопје

8 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.