Во рамки на теренската посета, градоначалникот изврши увид во завршната фаза од изградбата на Адреналинскиот парк на туристичкиот локалитет Калин Камен, уредувањето на просторот кај поранешното училиште во село Градец, како и во тековните работи за уредување на кејот на Крива Река.
Станува збор за проекти што ќе придонесат за поуреден јавен простор, нови туристички содржини и подобри услови за живот на граѓаните, истовремено создавајќи нови можности за локален развој.
„Секој проект што го започнуваме внимателно го следиме до неговата реализација. Најважно е
граѓаните да ги гледаат резултатите, затоа што развојот не се мери со ветувања, туку со сработени дела. Продолжуваме посветено да инвестираме, да работиме на терен и чекор по чекор да ја градиме Крива Паланка каква што сите ја посакуваме“, истакна градоначалникот Сашко Митовски.
Општина Крива Паланка продолжува со реализација на инвестиции во инфраструктурата,
туризмот и јавните простори, како дел од долгорочната визија за современа, функционална и
атрактивна општина, со подобри услови за живот, работа и развој.

