Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Серискиот убиец од Старо Нагоричане влезе во судница – гледаше во таванот и не признава вина

9 јули 2026

Цвијиќ за изѐборите во Србија: Ако губи Вучиќ ќе мора да помине црвени линии што не ги поминал досега

9 јули 2026

„Куманово Гас“ ќе ја приклучи спортската сала, планирани нови приклучоци за институции

9 јули 2026

Трамп треба да исплати 5,8 милиони долари на Елизабет Џин Керол по пресудата за сексуална злоупотреба и клевета

9 јули 2026

Турција ќе гради сателитски систем вреден 300 милиони долари за НАТО

9 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Од 14 јули нови правила за организирање дарувања – прво 18 отсто данок, па дарувајте

Press OnlineBy Press Online9 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од 14 јули започнува примената на новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, со кој по првпат се воспоставува законска рамка за организирање дарувања (giveaway), соопштија од Министерството за финансии.

Со новите законски решенија се воведува задолжителна дозвола за организирање дарувања, надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање.

Од Министерството за финансии информираат дека организаторите ќе треба да поднесат барање за дозвола до Министерството најдоцна 30 дена пред почетокот на играта, заедно со пропишаната документација.

Законот прави разлика меѓу трговец поединец и трговско друштво, при што за правните лица се предвидени дополнителни документи, меѓу кои и потврди дека не им е изречена забрана за приредување игри на среќа.

„Доколку организатор на подарувањето е трговец поединец, кон барањето за издавање дозвола доставува правила на подарувањето, докази за потеклото на наградите, документ за регистрација издаден од Централниот регистар, информација за економско-финансиската состојба врз основа на последната годишна сметка, доколку вршел деловна активност, доказ за платен надоместок за поднесување на барањето во износ од 100 евра во денарска противвредност, како и доказ за подмирени јавни давачки по основ на даноци, царини и придонеси“, велат од ресорното Министерство.

Доколку организатор на дарувањето е трговско друштво, покрај документацијата што ја доставува трговецот-поединец, ќе треба да приложи и документ за регистрација издаден од Централниот регистар, како и потврди од Регистарот на казни за правни лица дека не му е изречена забрана за добивање или одземање дозвола за приредување игри на среќа, ниту привремена или трајна забрана за вршење на оваа дејност.

„Доколку барањето го поднесува трговско друштво во име и за сметка на друго трговско друштво, потребно е да се достави документацијата што се однесува на друштвото во чие име и за чија сметка се поднесува барањето“, се додава во соопштението од Финансии.

Новина е и обврската организаторот да плати надоместок во висина од 18 отсто од вкупната вредност на наградниот фонд. Надоместокот се плаќа пред започнување на играта,односно во рок од три дена од добивањето на дозволата, а доколку тоа не биде сторено, таа се одзема.

Законот предвидува правилата на играта задолжително да бидат јавно објавени пред нејзиното започнување, додека резултатите, односно добитниците, да бидат објавени најдоцна три дена по извлекувањето. Наградите, парични или стоковни, ќе треба да бидат доделени во рок што не смее да биде подолг од 60 дена од објавувањето на резултатите.

Во правилата задолжително ќе треба да бидат наведени организаторот, производите или услугите што се рекламираат, условите за учество, времетраењето на играта, начинот на извлекување на добитниците, вредноста на наградите, постапката за приговор, како и забраната за учество на вработените кај организаторот и членовите на нивните потесни семејства.

Законот предвидува и дека една игра на дарување не може да трае подолго од една година.

Со новото законско решение по првпат се дефинира и поимот дарување (giveaway) како игра на среќа во која влогот за учество се состои од активности како лајкување, тагнување, споделување или објавување содржини, а која ја организира трговско друштво или трговец поединец заради промоција на производи или услуги преку интернет, мобилни уреди или други платформи.

„Законот ги дефинира и поимите лајкување и тагнување како влог за учество во овие игри на среќа. Лајкувањето претставува покажување интерес или позитивна реакција кон одредена содржина, додека тагнувањето претставува означување лице, фотографија или видео, кога таквата активност е услов за учество во играта“, посочуваат од Министерството.

Оттаму оценуваат дека со новите правила се воспоставува единствена законска рамка за организирање giveaway-активности, со што се обезбедуваат поголема транспарентност, правна сигурност и заштита на учесниците.

– Законот ги дефинира и поимите „лајкување“ и „тагнување“ како влог за учество во овие игри на среќа. Лајкувањето претставува покажување интерес или позитивна реакција кон одредена содржина, додека тагнувањето претставува означување лице, фотографија или видео, кога таквата активност е услов за учество во играта – наведуваат во соопштението.

Поврзани содржини

Серискиот убиец од Старо Нагоричане влезе во судница – гледаше во таванот и не признава вина

9 јули 2026

„Куманово Гас“ ќе ја приклучи спортската сала, планирани нови приклучоци за институции

9 јули 2026

Лекот „фостер“ од 20 јули ќе чини 280 денари

9 јули 2026
НАЈНОВО

Серискиот убиец од Старо Нагоричане влезе во судница – гледаше во таванот и не признава вина

9 јули 2026

Цвијиќ за изѐборите во Србија: Ако губи Вучиќ ќе мора да помине црвени линии што не ги поминал досега

9 јули 2026

„Куманово Гас“ ќе ја приклучи спортската сала, планирани нови приклучоци за институции

9 јули 2026

Трамп треба да исплати 5,8 милиони долари на Елизабет Џин Керол по пресудата за сексуална злоупотреба и клевета

9 јули 2026

Турција ќе гради сателитски систем вреден 300 милиони долари за НАТО

9 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.